Date of publication:
24 November 2017Секторот за внатрешни работи Струмица - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје поднесе кривична пријава против Г.Л. (52) , В.Ќ. (52), Д.М. (43), С.Н. (39), В.В. (61), Ј.З. (51), сите од Скопје и против В.Г. (58) од Тетово, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Г.Л., В.Ќ., Д.М. и С.Н., како вработени во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и членови на стручна комисија за рецензија на посебните планови за стопанисување со шумите, посебните планови за одгледување и заштита на шумите во заштитените подрачја и посебни планови за стопанисување со шумите во приватна сопственост, В.В., Ј.З. и В.Г., вработени во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство како изработувачи, контролори и одобрувачи на Решението за одобрување на Програмата за стопанисување со шумите, постапиле спротивно на член 30 од Законот за шумите. На катастарска парцела бр.151 и катастарска парцела бр.134/1 – катастарска општина Смиланци, кои претходно биле во состав на Шумско стопанска единица „Смиланска река-Лева река“, за која веке имало изготвено Посебен план за стопанисување со шуми со период на важност 2015-2024 година кој е во согласност со „Правилник за содржината на посебните планови за стопанисување со шуми, посебни планови за одгледување и заштита на шумите и годишните изведбени планови“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 48/1998), а во врска со член 27 став (1), став (2), став (3) и став (4), член 28, член 29 став (1), став (2), став (4) и став (11) од Закон за шумите, усвоиле-одобриле Програми за стопанисување со шумите за наведените катастарски парцели, сопственост на приватни лица , со период на важност од 2015-2024, а кои биле одобрени со Решенија со бр. 7156/4 и бр. 7155/4 од 21.07.2015 година од тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.М.
Врз основа на вака изготвените Програми сопствениците издејствувале од Јавното претпријатиое „Македонски шуми“ Скопје - Шумско стопанство „Плачковица“ Радовиш да добијат пет одобренија за сеча со кои исекле вкупно 4.150,9 кубни метри дрвна маса. Со посебниот план било предвидено да се исечат 1.546,7 кубни метри дрвна маса. На тој начин било овозможено бесправно да се исечат 2.604,2 кубни метри дрвна маса и да се стекнат со противправна имотна корист од 4.609,482 денари.