- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Николовски во Јахорина оствари средби со регионалните министри и со претставниците на меѓународните организацииDate of publication: 18 November 2017Во рамки на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа (ЈИЕ), што се одржa во Јахорина, Босна и Херцеговина, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, оствари средби со делегациите на сите присутни држави, на кои тема на разговор беше затворање на сите отворени прашања, подобрување на регионалната соработка и зголемување на трговската размена. Од особено значење за Република Македонија, беа и средбите со директорот на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на ЕУ-ДГ АГРИ, Марио Милушев,со регионалниот директор на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО) за Европа и Централна Азија Владимир Рахмањин, со директорот на Германската интернационална соработка (GIZ), Џејмс Макбет, и со др. Герман Јеуб, генерален директор за ЕУ политика и интернационална соработка во германското Министерство за земјоделство. Овие високи меѓународни претставници ја потенцираа важноста од започнувањето на реформскиот процес и очекуваат активна улога на Република Македонија во користењето на ЕУ фондовите, вклучително и на ИПАРД Програмата, како и активна партиципација во сите регионални активности. Сите претставници од меѓународните организации, изразија желба и подготвеност да го зголемат своето проектно портфолио во Македонија, преку помош во областа на руралниот развој, уредување на земјоделското земјиште, воспоставување на модерни системи за наводнување, подобрување на советодавните услуги, експертска помош за ИПАРД Агенцијата и долгорочни стратешки пријателства и асистенција во изработување на стратегии и програми преку споделување на искуства и знаење. На годиненешниот Единаесетти работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа (ЈИЕ), покрај министри и владини претставници од земјите од соседството, присуствуваа и високи претставници на меѓународните организации кои се активни на Западен Балкан. Министерот Николовски, во своето обраќање на состанокот посочи, дека во создавањето на развиено и конкурентно земјоделство, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес, на што Република Македонија активно работи. Николовски потенцираше дека врз основа на усвоените закони од областа на земјоделството и руралниот развој, Република Македонија, преку МЗШВ континуирано работи на приближување на земјоделскиот сектор кон европските регулативи. „Прилагодувањето кон соодветната легислатива, воведувањето на соодветни политики и зајакнувањето на институциите согласно стандардите на земјоделската политика на Европската унија е обврска од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, но и одличен проверен шаблон за успешни реформи за постигнување на националните развојни цели, но и заедничка цел на сите земји во регионот. Зголемувањето на конкурентноста на македонското земјоделско производство и прехрамбената индустрија, развојот на руралните средини и одржливото управување со природните ресурси се главните стратешки цели на македонската земјоделска политика согласно тековната Националната стратегија за земјоделството и рурален развој. Во процесот на унапредување на земјоделството важна е размената на искуства меѓу земјите од ЈИЕ, а тоа е овозможено преку Постојаната работна група за регионален рурален развој на земјите од ЈИЕ- SWG“, изјави министерот Николовски, додавајќи дека Република Македонија ќе ја продолжи досегашната пракса да биде конструктувен партнер во сите заеднички идни проекти, како дел од платформата за соработка со земјите од ЈИЕ. Министрите од ЈИЕ, на состанокот заклучија, дека ќе работат на интензивирање на регионалната соработка и трговската размена, преку почести разговори и средби, бидејќи сите имаат иста цел, влез во Европската унија. По овогодинешнато претседавање на Босна и Херцеговина со овој работен состанок, следната 2018 година, Република Македонија ќе ја има честа да биде домаќин на работниот состанок со министрите од Југоисточна Европа. |