- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
ВВ „Повардарие“ ќе го исплати долгот кон лозарите до крајот на годинатаDate of publication: 1 November 2017Винарската визба „Повардарие“ целосно ќе го исплати долгот за откупеното грозје кон лозарите до крајот на оваа година. Оваа одлука произлезе од денешниот состанок на лозарите со менаџментот на винарската визба, кој се одржа во Неготино, а во присуство на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и новиот градоначалник на Општина Неготино, Тони Делков. Средбата беше организирана од страна на МЗШВ, со цел итно да се најде решение за исплата на долговите што визбата ги има кон лозарите.
На состанокот, менаџментот на ВВ „Поварадарие“ изрази уверување дека ќе бидат комплетно расчистени долговите кон лозарите за преземеното грозје за 2014, 2015 и за 2016 година. Од винарската визба посочија дека имаат залихи за извоз во странство од чија што продажба како што изјавија ќе се реализира исплатата на долговите кон лозарите.
Оваа состојба ја потврди Државниот инспекторат за земјоделство, кој изминатите денови изврши контроли во В.В „Повардарие“ и утврди дека визбата има залихи на вино.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, вчера изјави дека има потпишано решенија со кои се одобрува продажбата на вино од залихите на винарската визба, но под услов со тие финансиски средства да бидат исплатени лозарите. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство внимателно ќе ја следи состојбата со текот на исплатата, и во тој контекст МЗШВ на секои 15 дена ќе прави контрола за количините на извезено вино, уплатата на финансиските средства за истото и исплатата кон лозарите. Првично долгот на ВВ „Повардарие кон лозарите беше 3,5 милиони евра, а сега изнесува околу еден милион евра. |