- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Николовски: Ќе се олесни процедурата за полагање на ловечки испитDate of publication: 11 October 2017Во процедура е измената на Законот за ловство, со што ќе се поедностави постапката за полагање на ловечки испит, истакна министерот за земјоделство,шумарство водостопанство Љупчо Николовски, на денешната средба ловџиите од Пехчевскиот регион. „Досега се полгаше електронски и целиот процес беше комплициран и со низа дополнителни трошоци за кандидатите. Сега , со измените ќе се врати претходната форма на полагање, односно ќе се укине електронското полагање.Исто така, со измените нема да има временско ограничување за полагање на испитот, туку тој може да се полага во текот на целата година. Ова е едно ветување од програмата на Владата“, изјави министерот Николовски.
Министерот посочи дека е затекната состојба на изминат договор со испитниот центар, без сппроведена нова јавна набавака, со што процесот за полагање на испит беше закочен. Измена на законот се очекува да се усвојат следниот месец, и првото полагање да биде најрано во декември годинава.
„Бидејќи се наоѓаме во предизборен период очекуваме законските измени да се донесат наредниот месец, а првото полагање да се спроведе најрано во декември. Ве уверуваме дека новата Комисија ефикасно ќе го спроведува испитот, а над 1.300 кандидати ќе имаат можност да полагаат со претходно доставените апликации без никакви трошоци“, изјави министерот Николовски.
Воедно министерот Николовски порача дека наскоро ќе биде објавен и јавен оглас за нови концесии на ловиштата кои досега немале концесионери.Јавните конкурси за доделување на новите концесии за ловишта ќе бидат објавени по завршувањето на изборите.
„Во делот на процесот на доделување концесии за стопанисување со ловиштата, Владата планира реално да им помогне на концесионерите преку унапредување и доделување повеќе средства преку Програмата за развој и унапредување на ловството, на ловството како и за одгледување и заштита на дивечот во репроцентрите. Преку оваа Програма ќе се финансираат разни мерки кои би помогнале и на концесионерите за одржливо користење на ловиштата и за унапредување на ловството“, изјави министерот Николовски.
Во Македонија има 266 ловишта од кои 122 се за крупен и 144 ловишта за ситен дивеч. Дивечот е во државна сопственост и како добро од општ интерес за Република Македонија, ужива посебна заштита на начин и под услови утврдени со Законот за ловство и Законот за заштита на природата. |