- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Словенија понуди експертска помош за поголема искористеност на парите од ИПАРД ПрограматаDate of publication: 10 October 2017Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска оствари средба со директорот на Агенцијата за земјоделска трговија и рурален развој на Република Словенија, Бенедикт Јеранко. На средбата присутвуваа и амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец и директорот на македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николчо Бабовски. Директорот на словенечката агенција Јеранко, изрази подготвеност за техничка и експертска помош како и пренос на искуствува во областа на директните плаќања за земјоделство, јакнење на капацитетитена Платежната агенција и процесот на акредитација на мерките од ИПАРД Програмата.
Македонската Платежна агенција е подготвена за соработка со словенечката агенција и за искористување на искуствата како во делот на директните плаќања, така и во процесот на поголема искористеност на парите од европските фондови. Соработката со Словенија е од исклучителна важност за развојот на македонското земјоделство, бидејќи Словенија важи за еден од поефикасните корисници на финансиските средства од европските фондови за рурален развој. Искуствата од Словенија како и понудената експертска помош, се важни за поголема апсорпција на парите од ИПАРД Програмата.
Дополнително, со Владата на Република Словенија е веќе договорена соработка во делот на јакнење на капацитетите и функционирањето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и помош во јакнење на советодавните служби како што е Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Во следниот период е предвидено е да дојдат експерти од Словенија, кои ќе понудат техничка поддршка, со цел да се усоврши нивото на советодавната служба во областа на земјоделството во Македонија, што е важно за правилна едукација на земјоделците и за целокупниот развој на земјоделството. |