- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Лозарите ќе добијат дополнителни субвенции за килограм грозје предадено во домашни винарски визбиDate of publication: 9 September 2017Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“, што секоја година се одржува во Кавадарци. Министерот Николовски им порача на лозарите дека грозјето од годинешната реколта ќе биде целосно откупено од страна на винарските визби, според законските одредби. Воедно, министерот најави дека на следната владина седница ќе се донесе одлука за дополнителни директни плаќања, за произведено и предадено грозје во домашните винарски визби. „Висината на субвенцијата ќе биде определена на самата седница на Влада.Со оваа мерка ќе бидат опфатени сите земјоделски стопанства кои што до 15-ти септември пријавуваат површини за лозје и кои произведеното и предадено грозје ќе го дадат во домашните винарски визби.Како ресорно министерство заедно со сите надлежни институции, внимателно го следиме откупот на грозјето. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство заклучно со 5 овој месец, откупени се 16 милиони килограми грозје од кои најголемиот дел се од сортите вранец и смедеревка. Годинава поради лошите временски услови се очекуваат намалени количини на произведено и откупено грозје. Свесни сме за лошата состојба во лозарството и винарството поради климатските промени кои значително влијаат врз родот, но и за битката на винарските визби во освојувањето на пазарите со конкурентни цени и висок квалитет. Како Влада, сериозно и посветено ја следиме состојбата на терен и навремено ќе делуваме“, изјави министерот Николовски. Со измени на програмата за финансиска подршка во земјоделството 2017 година се зголемија субвенциите за одржување на лозови насади за 10 отсто по хектар и субвенцијата сега изнесува 44.000 денари по хектар. За овие зголемени субвенции лозарите можат да конкурираат до 15 октомври. Досега за одржување на површини со лозови насади по мерката од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2016 година, се исплатени над осум милиони евра, а за 13 винарски визби по основ на откупено грозје исплатени се субвенции од околу 700 илјади евра. Паралелно Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанств, интензивно работи на забрзување на процесот за исплата на обесштетувањата од временските непогоди што се случија лани и годинава. Кавадарци е најголем производител на грозје и на вино во земјава, што е доволно за нас како влада да работиме на среднорочни и долгорочни стратегии за развој на лозарството, посочи министерот. Во врска со долгот на Повардарие кон лозарите, министерот Николовски,изјави дека досега се одржани десетина состаноци со лозари и претставници со винарската визба „Повардарие“ која сеуште има долг за минатата реколта. Според податоците од вкупниот долг од 3,5 милиони евра, Повардарие има исплатено околу 2,5 милиони евра. МЗШВ прави напори и преостанатиот долг да биде исплатен до крајот на овој месец. |