- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Словенија ќе и помага на Македонија во јакнење на Платежната агенција и советодавните служби за земјоделцитеDate of publication: 25 August 2017Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, Дејан Жидан, во Брдо кај Крањ, Словенија. На средбата е договорена помош од Република Словенија во евроинтеграцискиот процес на Република Македонија. Министерот Жидан, истакна дека Република Словенија стои на располагање за помош во делот на подобрување на функционирањето на македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како институција која е важна за распределбата на националните и европските пари. Исто така Министерот Жидан посочи дека Република Словенија ќе помогне во јакнењето на советодавните служби за земјоделците во Република Македонија, како на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и руралниот развој, но и на приватните советодавни служби. Во таа насока, тимови од Република Македонија и од Република Словенија, со следниот период ќе работат на реализација на овие два клучни приоритети за развојот на македонското земјоделство. Инаку денешната билатерална средба помеѓу министрите Николовски и Жидан, е во рамки на 12-от Форум за агро-трговија и економска соработка што одржува во Брдо кај Крањ, Словенија, а кој е во склоп на 55-тото издание на Саемот за храна и земјоделство „AGRA FAIR 2017“ што се одржува во Горња Радгона, Словенија. Како клучен настан кој годинава го одбележи саемот, е официјалната средба во рамките на форумот и платформата за соработка во областа на земјоделството „16+1“, помеѓу министрите од земјите од Централна и Источна Европа и од НР Кина. На министерскиот состанок се дискутираше за улогата на меѓународната трговија и синџирот за снабдување со храна на локално и глобално ниво, за напредокот на соработката во областа на земјоделство во текот на изминатата година и за идните чекори за подобрување на меѓународната трговија. |