- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Преглед на мерки преземени од МЗШВ за справување со пожаритеDate of publication: 11 August 2017Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство активно презема мерки за заштита на шумите од појава на пожарите. Согласно Законот за шуми, по барање на ЈП Македонски шуми на 11.07.2017 година, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, даде согласност за делумна забрана за движење во шумата или во одделни нејзини делови, во период од 15.07.2017 година до 15.08.2017 година. Оваа одлука од страна на МЗШВ е донесена пред да отпочне сезоната на шумските пожари. Меѓутоа по активирањето на поголемиот број на шумски пожари низ целата територија на Република Македонија, Министерот Николовски, на ден 05.08.2017 година даде согласност за целосна забрана за движење во шумите или во одделни нејзини делови за периодот 05.08.2017 година до нејзино отповикување. Владата на РМ во согласност со Законот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба заради превенција и справување со пожарите на подрачјата Македонски Брод и Чашка, од 5.08.2017 година. Министерот Николовски согласно донесената владина одлука ги зајакна капацитетите на Државниот инспекторат за шумарство и ловство (ДИШЛ),и му наложи покрај редовните контроли да изврши и вонредни контроли врз работата на ЈП,,МАКЕДОНСКИ ШУМИ“, управувачите на заштитените подрачја и приватните сопственици на шуми. По барање на Министерот Николовски, Шумската полиција ги зајакна контролите на терен, кога беа прогласени делумни и целосни забрани за движење во шума. Се евидентираа сите лица затекнати во шума и истовремено им укажуваше за опасноста од појава на пожари. Според Законот за шуми, субјектите кои стопанисуваат со шумите и сопствениците на шуми (односно ЈП Македонски Шуми, управувачите на заштитените подрачја и приватните сопственици), во зависност од степенот на загрозеност на шумата се должни да преземаат посебни мерки за заштита од пожари (правење просеки во шума, подигање на појаси од лисјарски видови дрвја во иглолисни шуми, поставување набљудувачници, организирање на набљудувачка, известувачка, противпожарна служба и слично). Според истиот закон , правните и физичките лица кои преку вршење на својата дејност предизвикуваат шумски пожари се должни да ја надоместат штетата на субјектите кои стопанисуваат со шумите, како и сопствениците на шуми. Посебните мерки за заштита на шумите од пожари (односно Правилникот за посебни мерки за заштита на шумите од пожари) ги пропишува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со единицата на локалната самоуправа. ЈП Македонски шуми, националните паркови и сопствениците на приватни шуми, имаат законска обврска да го спроведуваат Правилникот и имаат законска обврска за гаснење на шумските пожари во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување. Сите ангажирани лица од наведените претпријатија даваат се од себе за брзо и ефикасно гаснење на пожарите, за кои за дел од нив постои сомнеж дека се намерно подменати. Дополнително како Министерство ја зајакнавме комуникацијата со институциите во однос на навремено информирање на граѓаните. Владата на Република Македонија во иднина ќе се спореведе крупни реформи во системот за справување со кризи. |