- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Акцијата за чистење на речните корита и на одводните канали продолжува и годинаваДата на објава: 9 Јануари 2010Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при посетата на општина Петровец изврши обиколка на одводната каналска мрежа.По претходните акции за чистење на приоритетната главна и секундарна каналска мрежа беше констатирано дека проблемите со поплавувањето во најголем дел се решени.Годинава ќе се исчистат околу 50 километри одводна каналска мрежа или речиси 50 отсто повеќе од лани.За оваа намена се обезбедени 40 милиони денари, а приоритетите каде ќе се чисти ќе ги одредат водостопанствата и локалната самоуправа. Тендерот за најповолен изведувач треба да биде објавен до крајот на овој месец.
- Ќе се обидеме да ги исчистиме сите одводни канали, максимално да ги искористиме предвидените средства. Сметам дека ова ќе биде од огромна помош за земјоделците, за нивното тековно работење на обработливите површини, истакна Димовски.
Општините кои се задолжени за чистење на секундарната мрежа, поради недостиг на финансиски средства, чекаат поддршка од државата.
- Главните канали се целосно исчистени. Останува да се исчистат секундарните кои се обврска на општините, но со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓаме, ќе гледаме тоа да го сториме во најбрз можен рок со помош на Владата. Сега, поради наглото топење на снегот, општина Петровец ќе мора побрзо да реагира, изјави градоначалникот Борче Митевски.
Во Скопско лани се исчистени околу 20 километри одводни канали. |