Задругарството ќе биде дел од приоритетите на кои новата реформска Влада ќе стави акцент

Дата на објава: 
1 Јули 2017
19477744_1997165713838291_1082080942211908996_o.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска по повод Меѓународниот ден на задругите денеска присуствуваше на конференцијата под мотото „Задругите осигураат дека никој не е изоставен“, организирана од Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

Целта на конференцијата  беше да се слушнат ставовите на претставниците на земјоделските задруги, со кои проблеми се соочуваат и какви предлози имаат за решавање на истите. Од средбата произлезе дека изминативе 11 години, има многу напластени проблеми, за кои задругарите побараа решенија. Министерот Николовски нагласи дека се анализираат детално сосотојбите и ќе се понудат соодветни решенија, се со цел да развие задругарството во Македонија, како клучен фактор за земјоделците да можат полесно да реализираат крупни инвестиции  но и за поголема конкурентност и  сигурен пласман на македонските производи на домашните и странските пазари.

 

„ Задругарството ќе биде основа за развој на земјоделската политика и дел од приоритетите на кои новата реформска Влада ќе стави акцент.Со претставниците на задругите, разговаравме за сите проблеми, за адмнистративните и правни проблеми со кои се соочуваат задругарите, како и комуникацијата со Платежната агенција. Веднаш ќе се насочиме кон решавање на проблемите, се со цел да дадеме акцент на задругарството бидејќи тоа е основа за развој на земјоделството“, порача министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски .

 

Од Асоцијацијата на земјоделски задруги посочија дека странските искуства покажуваат дека задругите се успешен модел за развојот на земјоделство.

 

„Голема благодарност до министерот Николовски и до неговиот тим кои одлучија заеднички да го одбележиме овој ден на задругарството.Правиме напори како задругите во Македонија да профункционираат многу подобро.Задругите се првиот чекор кој мора земјоделците да го поминат. Здружувањето на вакви ситни земјоделци во земјава мора да се одвивива,  а тоа здружување се задругите“, порача претседателот на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, Менде Ивановски.

 

Од средбата произлегоа низа предлози за кои министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, напомена дека Владата ќе понуди конкретни решенија кои ќе се применат и во пракса.