- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Средба на министерот Николовски со претставници од Делегацијата на Европската унијаDate of publication: 22 June 2017Министерот Љупчо Николовски на денешната средба со претставниците од Делегацијата од Европската унија предводена од раководителот на секцијата за соработка, Никола Бертолини беше запознат со статусот на тековните проекти од ИПА кои се во тендерска постапка и кои наскоро треба да започнат. Петставниците од Делегацијата ги потенцираа прашањата на кои треба да се поствети поголемо внимание за нивна поуспешна и целосна инплементација во интерес на земјоделците. Посебен акцент се стави на ИПА 2015 односно на проектите за консолидација, за земјоделските задруги и за поддршката во секторот за водостопанство кои во пакет ќе придонесат за подобрување на состојбите во аграрот. Делегацијата го истакна и значењето од успешно одржување и реализирање на интегрираниот административен и контролен систем кој обезбедува релевантни податоци за исплата на финансиските средства кон земјоделците. Бертолини ја истакна и подготвеноста на ЕУ Делегацијата за натамошна поддршка во однос на спроведувањето на ИПАРД 2 Програмата за нејзино целосно искористување. На средбата беше разговарано и за проектите во областа на фитосанитарниот систем и пречките кои треба да се надминат во однос на успешно функционирање на оваа област. На крајот од средбата беше договорено министеротвото и делегацијата да оддржуваат редовни месечни состаноци со цел успешно искористување на ЕУ фондовите наменети за земјоделството и руралниот развој. |