- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Дополнителна субвенција од 6 денари по килограм продадена праскаDate of publication: 20 June 2017По разговорите со неколку преработувачки капацитети за овошје и зеленчук и со цел да им се излезе о пресрет на овоштарите кои неможат да го продадат родот на праските по пристојни цени, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство презеде соодветна финансиска мерка, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Овоштарите кои имаат засадени површини со праски и кои родот го продале во преработувачки капацитети за овошје во земјата или во странство по откупна цена не повисока од 5 денари по килограм, директно или преку еден регистриран откупувач, во период од 12 јуни 2017 година до 30 јуни 2017 година, имаат право на субвенција во висина од 6 денари по килограм.“ Од разговорите со производителите на праска и од анализите кои ги направивме може да се забележи дека сегашниот род на праските е со многу лош квалитет поради неажурноста на институциите пред се на неспособноста на водостопанското претпријатие навреме да го отстрани дефектот во тој регион и да обезбеди доволно вода за наводнување, истакна министерот Николовски. |