Средба на министерот Николовски со синдикатот на УПОЗ

Date of publication: 
20 June 2017
foto (2).jpg

Да се почне постапката за дефинирање и потпишување  на Колективниот договор за вработените во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), договорија денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Пеце Грујовски претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), кој минатата година беше доставен од Синдикатот на УПОЗ до МЗШВ.

На средбата беше договорено во најбрз рок да се формира работна група во која ќе учествуваат претставници од МЗШВ и Синдикатот на УПОЗ, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии за да се разгледаат барањето на шумските полицајци.

Министерот Николовски беше информиран и за повеќе нерешени прашања кои се од интерес на членовите на Синдикатот на УПОЗ при МЗШВ, особено за шумската полиција за која, според УПОЗ, мора во најбрзо време да се регулираат правата кои не се решени согласно Законот за шумите, односно укинување на правилникот за плати и регулирање на платите на вработените во шумската полиција со Колективен договор.