- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Николовски го посети скопскиот регион кој беше погоден од невреметоDate of publication: 15 June 2017По силното невреме што вчера го зафати скопско- кумановскиот регион, веднаш, утрово побаравме официајална информација од Управата за хидрометеоролошки работи врз основа на која ќе ја почнеме постапката за формирање на комисии за увид на состојбата и за проценка на штети врз земјоделските капацитети. Денеска исто така дадов и налог, вработените од подрачните единици на министерството, да излезат на терен и до утре да достават првичен увид за настанатите штети. Како и во претходниот случај со невремето во тетовско, министерството за земјоделство во најкус можен рок ќе поднесе информација до Владата која ќе донесе одлука за натамошна постапка за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарната непогода. Доколку обештетувањето ќе биде според законот за земјоделство, земјоделците навремено ќе бидат информирани и за роковите за поднесување на барањата за проценка до најблиската подрачна единици на министерството. Од теренскиот увид комисиите ќе изготват записници, кои ќе бидат доставени до Секторот за анализа на земјоделска политика во МЗШВ. Секторот, записниците ќе ги проследи до Бирото за судски вештачења, кое ќе изготви извештаи со проценка на настаната штета поединечно за секој барател. Исплатата, ќе биде преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, која за секој подносител на барање ќе изготви решение за исплата за настанатата штета. |