- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Средба на министерот Николовски со гранскиот независен синдикат на полицијатаДата на објава: 13 Јуни 2017Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска, на нивно барање, имаше средба со претставници на Гранскиот Независен Синдикат на полицијата. На состанокот се говореше за доставениот Предлог Колективен договор за шумска полиција и администрација, за шумска полиција на Република Македонија.
Синдикалците побараа почеток на сериозни преговори за брзо усвојување и потпишување на ваков документ, кој, според нив, недостасува 19 години. Беше искажано незадоволство од актуелната состојба во шумската полиција, како кога се во прашање основните права и услови за работа, така и кога станува збор за нивната безбедност.
- Личното и формациското оружје со кое ракуваме е застарено и 60% нефункционално. Затоа имаме сериозна потреба од ваков подзаконски акт, со кој ќе се намалат штетите и за Буџетот, односно ќе го намалиме одлевањето на парични средства од МЗШВ, поради трошоците за загубени судски процеси, - рекоа шумските полицајци.
Министерот Николовски истакна дека генерално е запознаен со споменатите проблеми и вети нивно решавање.
- Ја имате нашата максимална поддршка. И јас сакам час поскоро да се реши оваа работа, но јасно е дека тоа ќе оди тешко, барем во блиска иднина. Затоа, решавањето на проблемите ќе го правиме постепено, за што ќе се искоординираме и со министерството за труд и социјална политика. Наскоро ќе формираме и меѓуресорски работни групи, а ќе ве повикаме и на посебен состанок, на кој што ќе говориме за поконкретни теми, - рече министерот Николовски. |