- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Николовски: Ќе работам чесно, транспарентно и одговорноDate of publication: 1 June 2017Ќе работам чесно, искрено и одговорно, со апсорбирање на сите професионални, стручни капацитети, без разлика на нивната партиска или друга определба, изјави денеска Љупчо Николовски откако и официјално ја презеде функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Треба, рече, со сите сили да се насочиме кон креирање издржливи политики во земјоделството кое е исклучително значаен сегмент од македонската економија.
Николовски најави дека ќе бидат поддржани сите проекти што се во интерес на земјоделците, а за тоа, нагласи, ќе му биде потребна помош од вкупните расположливи потенцијали, човечки и технички.
- Не очекува тешка задача и одговорност. Но, убеден сум дека со целосна транспарентност, отвореност на Министерството, посебно за земјоделците, влегуваме во нова битка за да оствариме позитивен резултат. Остануваме на приоритетите од нашата владина програма „План за живот во Македонија“: искористување на земјоделското земјиште, зголемување на производството, конкурентоста и извозот, редовна исплата на субвенциите, изградба на системи за наводнување, воведување зелена нафта и други мерки што ќе значат поевтина продукција, квалитетен принос и поголем пласман, подвлече министерот.
Тој е дециден дека проектираната сума од 160 милиони евра за земјоделски субвенции ќе се исплаќа редовно, а ќе се крати онаму каде што ќе се процени дека има непродуктивни трошоци. – Цврсто сме убедени дека е можно земјоделците да бидат поддржани со 160 милиони евра субвенции, но клучно е средствата да бидат редовни, навремени и зголемени, предочи Николовски.
Досегашниот министер Михаил Цветков му ја честита новата функција на Николовски, му посака успех во работата и му понуди помош и соработка. Воедно му порача дека би било добро во наредните четири години да се фокусира на, како што рече, четирите клучни сегменти: консолидација на земјиштето, системи за наводнување, организацијата на земјоделците во задруги и електронско следење на производството. |