- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Цветков: Очекувам 100 проценти да се искористат парите од ИПАРД 2 програматаDate of publication: 24 April 2017Првите договори за користење средства од ИПАРД 2 програмата во вкупна вредност од 10 милиони евра ресорното Министерство најавува дека ќе бидат потпишани до крајот на јуни или почетокот на јули годинава и да бидат искористени 100 проценти. Со првиот повик за ИПАРД 2, објавен денеска, земјоделците до 23 јуни годинава можат да апицираат за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи и за диверзификација на фарми и развој на бизнис. - Со реализацијата на ИПАРД 2 која се однесува за периодот 2014 до 2020 година се доцни две години, но како надлежни институции ги преземавме сите чекори предвидените 60 милиони евра да ги искористиме 100 проценти. Предвидените пет милиони евра за 2014 и пет милиони евра за 2015 година треба да ги искористиме до крајот на 2018 година, рече на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Со оваа програма, потенцира, земјоделците ќе добијат поврат на 60 проценти од инвестицијата. За успешна реализација на планираните средства е формиран стручен тим од 80 агро и бизнис инжинери кои пред земјоделските стопанства веќе ги претставиле условите и можностите за аплицирање, а треба да им помогнат и при подготовка на апликациите. Изготвени се, посочи Цветков, и типски проекти во сите сектори кои земјоделците ќе ги добијат бесплатно. - Воведовме и гарантен фонд преку кој се обезбедени 26 милиони долари, а со кои ќе се гарантира 50 проценти од хипотеката. За секој проект до 500.000 евра и ако каматата е до 8 проценти ќе ја финансираме со 50 проценти преку Програмата за рурален развој, рече Цветков. Како што информира директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Игор Златков, од 68 милиони евра со ИПАРД 2 програмата, 38 милиони евра се за материјални инвестици во земјоделски стопанства и земјоделски и рибни производи, а останатите за диверзификација на рурални средини. - Со првиот повик од ИПАРД 2 програмата се на располагање 12 милиони евра за инвестици во земјоделски стопанства, 11 милиони евра во земјоделски рибни производи, а три милиони евра во диверзификација на рурални средини. За разлика од порани, сега во тек на аплицирањето со помош на вработените на МЗШВ и советници од Агенцијата за кратко време апликантот ќе има информација што треба да дополни во документацијата и дали ќе му биде одобрена. Се надеваме на 100 процентна реализација, а овие пари нема да бидат доволни судејќи според интересот на земјоделските стопанства кои сакаат да аплицираат за сите три мерки, рече Златков. |