Прва Национална работилница за управување со шумски пожари

Date of publication: 
9 November 2016
PB090016.JPG

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа првата Национална округла маса за управување со шумски пожари.  Овој настан е во рамките на активностите на Глобалниот Центар за следење на шумски пожари со седиште во Германија и Регионалниот Центар за следење на шумски пожари со седиште во Скопје- Р. Македонија.

Коорганинатор и домаќин е македонското министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На рабитилницата присуствуваа претставници од домашни институции и организации кои се надлежни за управувањето со шумски пожари и тоа: ЈП Македонски шуми, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, ЈП за стопанисување со пасишта, Противпожарен сојуз на Македонија, ЈП Паркови и зеленило, како и од Глобалниот и Регионалниот Центар за следење на шумски пожари.

Пред присутните беше презентирана националната законодавна и институционална рамка за управување со шумски пожари, а се водеше дискусија  за подобрување на институционалните капацитетите за управување со шумските пожари и на  организаците на цивилното општество.

На состанокот беа донесени повеќе заклучоци кои ќе придонесат за подобрување на менаџирањето со шумски пожари.

На следната работилницата која е предвидена за 11 ноември годинава, ќе бидат  вклучени и преставници од надлежните институции од земјите во регионот.