- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Цветков на министерски форум во КинаDate of publication: 7 November 2016Во главниот град на провинцијата Јунан, Кунминг во Кина минатата недела се одржа 11-от министерски форум од иницијативата за трговска и економска соработка помеѓу земјите на централна и источна европа и Кина на која присутвуваше и македонска делегација предводена од министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Во свое обраќање на форунот министерот Цветков нагласи дека развојот на македонското земјоделство потикнат од државните мерки на поддршка треба да биде заснован на заштита на природните ресурси и биодиверзитетот и дека размената на искуствата помеѓу земјите оваа иницијативата е корисено во примената на најдобрите практики. На билатералната средба која министерот Цветков ја имаше со неговиот кинески колега Хан Чангфу беше договорено забрзување на постапката за одобрување на извоз на македонските млечни и месни производи на кинескиот пазар. Двајцата министри договорија и техничка поддршка од НР Кина во пренесување на последните достигнувања во производството на хибриден ориз кој со примена на современи техники достигнува принос од 15 тони по хектар. Поддршката треба да биде насочена кон отворање на демонстративна фарма во Македонија со кинеска помош. Цветков оствари официјални билатерални средби и со министерот на земјоделство на Полска и Словенија, и замениците министри на Бугарија и Чешка.
|