- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Цветков во Кина за промоција на македонското земјоделствоDate of publication: 1 November 2016Министерот за земјоделство, шумарство и водостопантво Михаил Цветков од денеска до 6 ноември престојува во работна посета на Народна Република Кина.
Цветков ќе го отвори Македонскиот национален павилјон во Шангајската безцаринска зона во кој постојано ќе бидат изложени производи на околу 20 компании од земјоделско - прехранбениот сектор од Република Македонија.
Врз основа на претходно потпишаниот Договор, државната компанија Директ Импортед Гоодс, која управува со зоната, треба да ги промовира македонските земјоделски и прехранбени производи кои на овој начин ќе станат подостапни до потрошувачите од големиот кинески пазар.
Изложувањето на производите на македонскиот павилјон, на кој ќе бидат најзастапени виното, преработките од овошје и зеленчук, органските и други производи, е договорено со кинеската страна да биде безплатно за домашните компании. Павилјонот ќе биде и простор кој ќе овозможи размена на информации за можностите за инвестирање, туризмот и културната размена меѓу Македонија и Шангај, односно Народна Република Кина.
Во вториот дел од посетата, односно на 5 ноември во Кунминг, министерот Цветков ќе присуствува на министерскиот форум за трговска и економска соработка во земјоделството меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина.
На форумот, на кој ќе се дискутираат можностите и начините за подобрување на економската соработка со Кина во делот на земјоделството, ќе се одржат состаноци со кинескиот министер за земјоделство, а предвидени се и средби со полскиот, чешкиот и уште неколку министри од регионот. |