- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Дополнителни 6.000 денари по хектар за производителите на пченицаDate of publication: 20 July 2016Владата на Република Македонија на својата вчерашна седница (19 јули 2016 година) донесе УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2016 ГОДИНА. Со новата Уредба се зголемува финансиската подршка за 6.000,оо ден/ха за земјоделските стопанства кои имаат засеани површини со пченица и имаат поднесено барање за финансиска поддршка до Платежната агенција за 2016 година. Оваа измена на Уредбата се предложи заради потребата од зголемување на финансиска поддршка на земјоделските стопанства кои произведуваат пченица, со поддршка на доходот, првенствено заради ниската откупна цена, намалениот интерес за откуп како и зголемениот увоз на пченица и брашно од Србија. Уредбата влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Македонија“. Уредбата е објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 139 од 27.07.2016 година.
Потсетуваме, ова е втора државна мерка за дополнителна помош за производителите на пченица, откако пред две недели беше донесена одлуката за субвенционирање на 80% од цената за складирање во силоси. Со таа мерка, на сите земјоделци кои ќе поднесат барање до Платежната Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, државата месечно ќе им покрие по 48 денари (од 60 денари) за еден тон земјоделски производ складиран во силоси. Субвенционирањето на складирање е најмалку 2 месеци, а најмногу половина година. Земјоделските производи од оваа Уредба треба да се складирани во складиштар кој е впишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи согласно Законот за земјоделство и рурален развој и е давател на комерцијална услуга за складирање. Корисници на финансиската поддршка за складирање се земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, кои претходно имаат поднесено барање за директни плаќања по обработлива површина согласно годишната Програма за финансиска поддршка во земјоделството и имаат: - склучено договор за складирање на земјоделски производи кои тие ги произвеле, и - платено 20% од трошоците за складирање на земјоделските производи
Корисниците на финансиска поддршка за складирање пченица од домашно производство на која се однесува интервенциската мерка од Законот за земјоделство и рурален развој, треба да има складирано најмногу до 3.500 тони пченица за остварени приноси најмногу до 4 тони по хектар од пријавените земјишни капацитети од барањето за директни плаќања. |