- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Оддржана петтата седница на Национален Комитет за мрежа за сметководствени податоци од земјоделско стопанствоDate of publication: 25 March 2016Мрежа за сметководствени податоци од земјоделски стопанства – Македонски ФАДН, почнувајќи од 2010 година, редовно, 4 пати годишно прибира податоци од репрезентативен примерок од 600 земјоделски стопанства од целата држава. Податоците од системот после нивната обработка потоа се користат за економска анализа и проценка на состојбата на ниво на стопанствата, во секторот и пазарите со земјоделски производи. На 23.03.2016 година, Националниот Комитет за мрежата за сметководствени податоци од земјоделски стопанства ја одржа својата петтата седница на која го проследи напредокот на реализацијата на законски утврдените обврски на вклучените институции за изминатиот период и даде преглед на следните чекори. Како резултат на постигнување на високо ниво на комплетност и веродостојност на податоците од мрежата, за прв пат во Република Македонија е подготвен сет на Стандардни Резултати кои се однесуваат на сметководствената 2014 година. Овој сет на систематизирани податоци со околу 120 варијабли кој дава целосна претстава на економско-финансиското работење на македонските земјоделски стопанства по типови и класи на економска големина, наскоро ќе биде јавно презентиран на веб страницата на Министерството за земјоделство и достапен за заинтересираните субјекти. Република Македонија е единствена од предпристапните земји која има функционален ФАДН развиен на ниво на земјите членки на унијата. Националниот Комитет го поздрави овој исчекор во работата и функционирањето на ФАДН имајќи го во предвид значењето на овие податоци, како за креирањето на националната земјоделска политика, така и за економските сметки од областа на статистиката, истражувањата од научните институции и секако за информирање на самите земјоделски производители во однос на профитабилноста на нивното работење. Паралелно со обработката на податоците за 2014 и 2015 година, во тек е прибирањето на податоците за 2016 година преку посета на вклучените земјоделски стопанства. Институциите, пред се министерството и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството за 2017 година ќе ја анализираат можноста за зголемување на примерокот од кој се прибираат податоците. Надлежното Министерство за земјоделство исто така континуирано реализира активности за надградба на системот согласно последните промени во европската легислатива преку неколку проекти финансирани од ИПА. |