- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Завршна работилница од „Проектот за развој на живинарството во Република Македонија“Дата на објава: 22 Март 2016„Развивањето на живинарството е утврдено како еден од клучните приоритети во Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2014-2020, а нашата цел е до 2025 година да произведуваме 10.000 - 12.000 тони пилешко месо“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков на денешната презентација на резултатите од „Проектот за развој на живинарството во Република Македонија“, спроведен со поддршка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО. За остварување на поставената цел, носечка улога ќе имаат семејните живинарски фарми, кои ќе бидат организирани во задруги, поради заеднички вложувања и користење на ист кланичен капацитет, но и за полесен пласман на производите на пазарот. Дополнително, задругите ќе имаат можност да добијат поддршка од Владата преку вработување на лице кое ќе управува со задругата, субвенции за набавка на потребна опрема, механизација и слично. Достапна финансиска поддршка за членовите на задругата ќе има и во рамки на програмите за директни плаќања, европските ИПАРД фондови, а предфинансирањето на овие инвестиции ќе биде помогнато со поволни кредити преку македонските комерцијални банки за кои државата ќе гарантира преку формираниот Гарантен фонд и ќе ги субвенционира каматните стапки до висина од 50%. „Овој проект има посебна важност за нашата држава, бидејќи живинарството е една од гранките кои не се развиени, имаат голем потенцијал но, се соочуваат со големи потешкотии и предизвици. Податоците се загрижувачки, сегашното производство од 500 тони живинско месо покрива само 5% од потребите на пазарот во Македонија, пришто 95% увоз не чини околу 50 милиони евра годишно. Пилешкото месо е најголемата поединечна ставка во увозот на земјоделско-прехранбени производи и ние сме практично увозно зависни од овој производ. Тоа беше основен мотив да започнеме со еден сериозен пристап кон решавање на овој проблем, а стратешката цел на политиката, не е во насока да се стреми да произведе живинско месо кое би било наменето за преработка и задоволување на потребите на преработувачките капацитети, иако и оваа можност нема да биде исклучена. Напорите ќе бидат насочени кон покривање на дел од пазарот на свежо пилешко месо, кој за жал не се развива делумно и заради навиките на потрошувачите за купување на замрзнато пилешко месо“, додаде Цветков. На завршната работилница од Проектот беа присутни и претставници од земјоделските здруженија, бизнис секторот, невладините организации..., пред кои претставниците на ФАО и домашните консултанти ги презентираа резултатите, како и препораките за идните чекори што треба да се преземат. Охрабрени од податоците во анкетата според која 96% од испитаниците консумираат пилешко месо, 80% прават разлика меѓу замрзнатото и попосакуваното свежо месо, 62% преферираат домашно пилешко месо, а речиси сите квалитетот и безбедната храна ги ставаат пред цената на производот, дискутантите се сложија дека е неопходна изградба на нови и реконструкција на постоечките капацитети за бројлерско производство (фарми), создавање препознатлив домашен производ, константно производство и снабдување на пазарот со пилешко место, добра промоција која е клуч на успехот, но и многу подобра организација, односно заеднички настап на пазарот. |