- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Македонските вина презентирани на саемот „Провајн“ во ДизелдорфDate of publication: 15 March 2016Девет македонски винарии („Тиквеш“, „Сковин“, „Стоби“, „Далвина“, „Бовин“, „Камник“, „Езимит“, „Попов“ и „Сопот“) веќе трет ден се дел од најголемиот интернационален саем за вино „Провајн“, кој во периодот 13-16 март се одржува во германскиот град Дизелдорф. На македонскиот национален штанд на саемот, нашите винарии ги презентираат своите вина пред дистрибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет. „Провајн“ е водечки меѓународен саем за вино и алкохолни пијалоци во Европа и место на кое своите вина ги промовираат 50 вински земји во светот, а за неговата големина говори и фактот што секоја година низ штандовите на „Провајн“ минуваат 50.000 професионални посетители од целиот свет. |