- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНА НА ТУТУНDate of publication: 28 December 2015Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање испит заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАПОЧНУВА НА 29.12.2015 година и ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 15.01.2016 година, а ПРВИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЌЕ СЕ ОДДРЖИ НА 25 Јануари 2016 година.
I.Услови за одобрување на полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун Согласно член 26 од Законот за тутун и тутунски производи кандидатите кои сакаат да полагаат испит за добивање на лиценца за процена на тутунот треба да бидат: - со соодветно високо, вишо или средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун или со или без работно искуство; - без соодветно високо образование, а со две години работно искуство, вишо образование со три години работно искуство или средно образование со четири години работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун или - со несоодветно високо, вишо или средно образование и да е производител на тутун непрекинато најмалку последните пет години.
II.Документација Заинтересираните кандидати треба да достават потпишано барање за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: ул.Аминта Трети бр.2, 1000 Скопје. Во прилог на барањето (во кое се наведуваат адресата на живеење и контакт телефон) треба да се приложат следните потребни документи: 1. Диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун (заверена на нотар) или 2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат најмалку свидетелство за завршено средно образование и копија од М1/М2 образец со податоци за работниот стаж и тоа за: -високо образование-две години работен стаж -вишо образование-три години работен стаж или -средно образование-четири години работен стаж. За работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун треба да достави и потврда за времетраењето на работното искуство од фирмата. 3. Доколку кандидатот е производител на тутун треба да ги достави следните документи: - најмалку свидетелство за завршено средно образование и - договори за производство и откуп на тутун на име на кандидатот непрекинато најмалку последните пет години или потврда од откупувачот со кој склучувал договори за производство и откуп на тутун најмалку последните пет години.
III. Решение Овластеното лице од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, со решение утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот за добивање на лиценца за процена на тутун.
IV. Начин за спроведување на испитот Испитот се состои од два дела, и тоа: - прв дел (теоретски дел) со кој се врши проверка на кандидатите во познавањето на материјата за испитот со решавање на електронски тест на компјутер кој се полага во посебно опремена просторија за полагање и истиот ќе се оддржи во Скопје и - втор дел (практичен дел) со кој се врши директна проверка на кандидатите во познавањето на тутунската суровина за квалитативно и квантитативно проценување при преземањето (откупот) на суровиот тутун во лист. Вториот (практичен ) дел од испитот ќе се оддржи во просториите на Научен институт за тутун во Прилеп.
V. Висина на надоместокот за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутунот Согласно член 26-р од Законот за тутун у тутунски производи, трошоците за полагање на испитот ги сноси кандидатот. Висината на надоместокот изнесува 2.500,00 денари по кандидат, а уплатата на средствата се врши по добивањето на Решение за полагање на испит за процена на тутун. Информации за потребната литература за подготовка на испитот може да се најдат во Правилникот за начинот за бодување и потребната литература за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун „Службен весник на Република Македонија“ бр.200/2014. Пречистен текст на Законот за тутун и тутунски производи и Правилникот за мерилата за квалитативна и квантитативна процена на суровиот тутун во лист може да се најде на веб страната: www.mzsv.gov.mk
|