Отворена канцеларија на ЛАГ во Старо Нагоричане и Ранковце

Date of publication: 
10 December 2015
DSC_0677.JPG

Рурален развој преку поврзување на жителите и зајакнување на нивните вештини за соработка и партнерство, треба да поттикне канцеларијата „АБЕР 2015“ на локалната акциска група (ЛАГ) во општина Старо Нагоричане што беше отворена денеска.

Канцеларијата, покрај Старо Нагоричане, ќе ги опслужува и општините Куманово и Липково, а целта е жителите преку неа да ги искажуваат своите идеи и потреби и потоа, заедно со експертите и членовите на ЛАГ-от да креираат и имплемнтитаат проекти за нивно реализирање, односно за развивање на локалната заедница.

- Отворањето вакви канцеларии е дел од иновативниот пристап на европската политка што го следи и Македонија. Преку него се стимулира полноправност и заедништво на сите чинители во процесите на донесување одлуки и спроведување активности поврзани со руралниот развој, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков кој присуствуваше на настанот.

Според Цветков, со зајакнување на капациетот на руралните средини би се искористите средствата од ИПАРД програмата за обуки на населението.

- Една од целите е и поддршка за зајакнување на јавно-приватното партнерство во руралните средини, како и институционално јакнење на групите во подготовка на стратегиите за локален рурален развој во локалните акциони групи следејќи го Лидер пристапот и принципите, посочи министерот.

Тој потсети дека досега во Македонија се формирани пет локални акциски групи, три во Пелагонија и уште две во североисточниот регион кои денеска официјално се отвораат.

- Очекувам овие локални акциски групи успешно да аплицираат за ИПАРД во периодот 2017-2021 година. За да се обезбеди нивно непречно и континуирано работење Министерството ќе обезбеди значителни средства со кои ќе се финансираат пилот-проекти, изјави Цветков.

 

Директорот на УСАИД во Македонија Џејм Стаин рече дека пинери во спроведувањето на овој пристап,кој ги зближува преставниците на јавниот,приватниот и граѓанскиот сектор за исполнување на потребите на заедниците

„УСАИД“ почна да го спроведува ЛЕАДЕР пристапот за рурален развој во 2013-та година заедно со нашите партнери и оттогаш вопставени се пет локални групи,а осум се во процес на регистрација„-изјави Стеин и нагласи дека е значајно е што ЛАГ-овите ќе имаат континуирано финансирање се додека се отворат средствата од ИПАРД програмата на ЕУ на почетокот на 2017 година,што ќе им овозможи на групите да продолжат да спроведуваат проекти кои ќе помогнат во креирање на нови можности за локалната средина.

Според претставничката на амбасадата на Швајцарија Бригит Хагман, од голема важност е да се помогне руралниот развој бидејќи жителите треба да имаат услови за да останат и да живеат удобно во регионите.

- Лидер пристапот е одлична методологија за спроведување иницијативи и проекти дефинирани од општината. Може да се имплементира само ако сите учествуваат и ако сите вие кажете на градоначаникот што милисте дека треба да влезе во програмите, им порача Хагман на жителите.

Градоначалникот на општина Старо Нагоричане Милован Стојковски рече дека во минатиот период активно сите општини ја поддржуваат иницијативата за формирањето ЛАГ-ови и изрази надеж дека групата во соработка со  Старо Нагоричане, Куманово и Липково ќе се обидат да реализираат проекти со кои ќе се развијат руралните делови.

Денеска и во општина Ранковце беше промовирана Локална акциска група „Осоговски лисец“, формирана од претставници на општините Ранковце, Кратово и Крива Паланка.