ЦЕИ Бизнис форум

Date of publication: 
26 November 2015
foto.jpg

Во рамките на Македонското претседавање со  Централно-европската иницијатива ( ЦЕИ ), Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Министерството за надворешни работи, во соработка со Секретаријатот на ЦЕИ и Стопанската комора за Централна Европа, организираа Бизнис Форум посветен на унапредување на регионалната соработка и конкурентноста во прехранбениот сектор и агробизнисот.

Форумот го отвори министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков кој истакна дека бизнис форумот е одлична можност за продлабочување на економската соработката помеѓу земјите во регионот на ЦЕИ во областа на земјоделството. Форумот на кој се присутни околу 30 тина фирми,  е можност и за нивно меѓусебно поврзување, можност да разговараат за идна соработка, за тековните проблеми и бариери со кои се соочуваат и да ги слушнат позитивните искуства од регионот и од земјите членки на ЕУ за инвестициите со кои ќе се овозможи модернизација и примена на европските стандарди, а со тоа и директно ќе се зголеми конкурентноста. Овие искуства се добредојдени особено кога ќе се слушнат директно од самите претставници на фирмите кои успешно го имаат поминато овој пат и сега се рамноправни учесници на европскиот пазар.

Од друга страна како резултат на турбулентните гео-политички и економски превирања, пазарите со земјоделско-прехрамбени производи во изминатиот период се среќаваат со бројни трговски блокади. Потребата за изнаоѓање на алтернативни пазари, и тоа првично во рамките на ЦЕИ регионот, а потоа и во други дестинации во светот е уште една причина повеќе за заедничко здружување на напорите на команиите од целиот ЦЕИ регион во насока на подобрување на нивната меѓусебна соработка. Во оваа насока се надевам дека овој форум ќе има свој конкретен придонес истакна Цветковски.

Мауро Ди Вероли од Делегацијата на ЕУ во Македонија потенцира дека очекувањата за искористувањето на ИПАРД 2,  која се однесува на периодот 2014-2020 година, се големи, со оглед дека Програмата има поголем опсег во однос на ИПАРД 1, а и процедурите се полесни.

- Постојат два услова за економските оператори да пристапат на заедничкиот европски пазар - нивните прехранбени производи да ги исполнуваат стандардите за квалитет и безбедност, како и да бидат конкурентни. Исполнувањето на овие две барања е голем предизвик и тоа е една од причините зошто ЕУ дизајнира посебни програми во оваа насока како што е ИПАРД Програмата, рече Вероли.

Воедно, додаде дека во земја каде 90 отсто од земјоделското производство се потпира на индивидуалните земјоделци, не е мала работа да се задоволат барањата за квалитет и квантитет, и од страна на компаниите и од страна на индивидуалните земјоделци. Затоа, во тесна соработка со МЗШВ ќе се работи на јакнење на нивните капацитети.