- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Обука за советници за органско производствоDate of publication: 29 October 2015Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) „Зголемување на пазарната вработливост“ имплементирана од Швајцарски контакт , со поддршка на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, организира обуки за органско производство, наменета за агрономи или лица со претходно искуство во земјоделието. Обуката ќе ја спроведува Федерацијата на производители на органски производи на Македонија и тоа во Битола од 03 до 07 ноември 2015, во Струмица од 10 до 14 ноември и во Скопје од 17 до 21 ноември 2015. Учество ќе земат гости-предавачи и претставници од компании вклучени во процесот на органско производство како потенцијални работодавачи од агро-секторот во Македонија. Обуката се однесува на одгледување и преработка на зеленчук и овошје како и процедурите за контрола и сертификација. По завршување на обуката, обучените лица ќе може да понудат советодавни услуги на фармерите, сертификациските тела, кооперативите и другите корисници. Се охрабруваат невработени стручни лица, особено младите лица и жените, да аплицираат за учество на обуката со што би стекнале знаења кои би ги подобриле нивните можностите за вработување или отпочнување на сопствен бизнис. Кандидатите треба да испратат кратка биографија на: info@fpopm.com За подетални информации обратете се на: 078-212-388. |