- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
ИЗВЕСТУВАЊЕDate of publication: 6 October 2015Влада на Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат сите заинтересирани субјекти дека на ден 15.10.2015 година со почеток во 12 часот во големата сала на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се одржи јавна расправа за содржината на нацрт верзиите на риболовните основи. Нацрт верзиите на риболовните основи се објавени на www.mrf1952.mk Согласно член 16 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија“ бр.07/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14 и 154/15) за секоја риболовна вода на која се врши риболов се изработува риболовна основа. Риболовната основа е стручна студија за начинот на стопанисување со рибите во одредена риболовна вода за период од шест години. Риболовната основа ја донесува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на предлог од овластена установа од областа на рибарството. Пред донесување на риболовната основа овластената установа ја запознава јавноста со содржината на нацртот на риболовните основи. |