Министерот Цветков во Валандово

Date of publication: 
3 July 2015
P7030022.JPG

Одгледувањето на органски производи, моменталната состојба во овој сектор и  можностите за неговиот разој беа темите на кои днеска во Валандово разговараа министерот за земјоделие Михаил Цветков и производителите на органска храна од  овој регион.  Министерот Цветков потенцираше дека поддршката на органското производство е многу важна и токму затоа тие како министерството  посветено работат на неговиот развој. Како пример ја посочи финансиската поддршка која  започнала  од 11 милиони денари во 2006 и достигнала  до 43. 770.000 денари за оваа година..

,, Иднината на земјоделското производство ќе биде во органското производство.  Се повеќе и повеќе ќе биде барано, а ние како држава ги имаме сите услови за едно вакво производство бидејќи нашите земјоделци многу малку користат вештачки ѓубрива и пестициди за заштита или ако користат во мали количини, така да земјоделските површини не ни се загадени  и имаме едни многу добри предуслови за едно вакво органско производство.,, рече  Михаил Цветков – министер за земјоделие

Минатата година на територијата на Република Македонија биле  сертифицирани 2.359  хектари обработливо земјиште засадено со органски производи и 344  оператори кои се занимваат со оваа дејност.