- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Цветков во ВаландовоДата на објава: 3 Јули 2015Одгледувањето на органски производи, моменталната состојба во овој сектор и можностите за неговиот разој беа темите на кои днеска во Валандово разговараа министерот за земјоделие Михаил Цветков и производителите на органска храна од овој регион. Министерот Цветков потенцираше дека поддршката на органското производство е многу важна и токму затоа тие како министерството посветено работат на неговиот развој. Како пример ја посочи финансиската поддршка која започнала од 11 милиони денари во 2006 и достигнала до 43. 770.000 денари за оваа година.. ,, Иднината на земјоделското производство ќе биде во органското производство. Се повеќе и повеќе ќе биде барано, а ние како држава ги имаме сите услови за едно вакво производство бидејќи нашите земјоделци многу малку користат вештачки ѓубрива и пестициди за заштита или ако користат во мали количини, така да земјоделските површини не ни се загадени и имаме едни многу добри предуслови за едно вакво органско производство.,, рече Михаил Цветков – министер за земјоделие Минатата година на територијата на Република Македонија биле сертифицирани 2.359 хектари обработливо земјиште засадено со органски производи и 344 оператори кои се занимваат со оваа дејност. |