- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Меморандум за основање на асоцијација за соработка во земјоделствотоDate of publication: 29 June 2015По покана на Министерката за земјоделство и храна на Република Бугарија г-ѓа Десислава Танева, државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство д-р Бесир Јашари од 25-ти до 27-ми јуни 2015 година присуствуваше на министерскиот состанок во Софија, Република Бугарија, по повод потпишување на Меморандумот за разбирање за основање и работа на Асоцијација за промовирање на соработката во областа на земјоделството помеѓу Кина и Централно Источни Европски земји. Со потпишување на Меморандумот Република Македонија автоматски станува земја-членка на Асоцијацијата. Асоцијацијата ќе помогне на зајакнувањето на билатерална и мултилатерална соработка на земјоделството меѓу Кина и ЦИЕ земји во областа на земјоделството и храна со идентификување и избирање на нејзините клучни области и стимулирање на ефикасна интеракција помеѓу економски субјекти од земјите. Асоцијацијата треба да биде платформа за планирање и промоција на имплементација на практичната соработка меѓу реалните субјекти во земјоделството - асоцијации и компании поврзани со земјоделство, собирање и преработка на производи, производители на храна, пијалоци, и опрема за земјоделство, трговци и инвеститори во тие области. Очекуваните резултати по лансирање на работата на Асоцијацијата ќе бидат зголемување на регионалната соработка во областа на земјоделството и прехрамбените производи меѓу ЦИЕ земјите и проширена соработка во истата област со Кина, која е еден од најголемите пазари за земјоделски производи во светот, зголемување на можностите за привлекување на странска инвестиција во секторот и интензивирање на учеството на Кина и 16 ЦИЕ земји во имплементацијата на неколку проекти во земјоделскиот сектор. |