Во Свети Николе отворен тренинг Центар за примена на најсовремените технологии во оранжериско производство

Date of publication: 
17 April 2015
P4170073.JPG

Во Свети Николе денеска во присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветкове е отворен  првиот тренинг Центар за примена на најсовремените технологии во оранжериското производство.

Според министерот Цветков во халите на „Балкан бринг хаус“ се одгледуваат нови висококвалитени и профитабилни сорти на оранжериски производи .

- Како Министерство за земјоделство и како Влада, даваме целосна и безрезервна поддршка на ваков вид произвдоство и негово унапредување со нови високо квалитетни и профитабилни сорти, рече Цветков.

Амбасадорот на Холандија во Република Македонија Јоп Шеферс нагласи дека оваа инвестиција е резултат на добарата соработка меѓу двете земји, но и можностите и условите кои ги нуди Македонија за производство на оранжериски производи.

- Верувам во големиот потенцијал на Македонија, во овој сектор. Ние како втора водечка земја во светот, веднаш по САД во оранжериското производство, вакво партнерство и соработка многу ни значи, вели Шеферс.

Сопственикот на Центарот за оранжериско производство Александар Стојков вели дека  овој центар е место каде студентите и учениците со практична настава ќе ја надоградуваат својата наобразба.

- Првата група од новосадскиот Универзитет е тука. Со симбилично пресекување на црвената лента,  студентите го пуштија во работа овој објект. Досега овој Центар беше наш, но од денеска тој ќе биде за сите студенти, ученици и професори, кои тука со помош на најсовремената технологија ќе создаваат нови видиови на висококвалитетен оранжериски зеленчук, рече Стојков.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Зоран Тасев, кој изрази задоволство од новата инвестиција, истакна дека Овчеполието  е идеално место за развој на оранжериското производство.

- Ние стоиме на располагање на сите заинтересирани странски инвеститори кои ќе пројават интерес да вложат во свои капацитети тука во Овче полието. Условите за тоа се исполнети. Идниот  гасовод е на километар оддалеченост од тука, исто така и идниот автопат Скопје-Штип, како и експресниот пат Велес Штип, рече Тасев.

Реализацијата на инвестицијата во вредност  од 1,5 милиони евра со 20 вработени и е резултат од повеќегодишната соработка помеѓу холандската и македонската Влада, како и на македонски и холандски бизнисмени.