На градскиот плоштад во Кичево на 26 септември се одржа фестивалот на традиционален македонски ајвар и други македонски произво

Дата на објава: 
27 Септември 2009
AJVARIJADA.JPG

На градскиот плоштад во Кичево на 26 септември  се одржа фестивалот на традиционален македонски ајвар и други македонски производи „Ајваријада 2009“.Фестивалот, кој годинава се одржува по втор пат  под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, го отвори министерот за земјоделство Љупчо Димовски. Тој ја додели и плакетата за првото место за највкусен ајвар избран од стручното жири која ја доби Дијана Србиноска од селото Вранештица. Втората награда и припадна на Дашмире Адеми од селото Зајас, а третата награда ја доби Маја Спасеноска од "органското" село Манастирско Долненци.

 

Десетте различни вкусови на ајвар подготвени по рецепти од сите делови на државата беа изложени на штандови, заедно со производите на млекарите „Бистра“ од Кичево  и „Здравје  Радово“, пчеларите од Кичево, конзервната индустрија „Бага фуд“ од Битола, Прилепска пиварница и од други прехранбени производствени погони од земјава. Посебен белег на целата манифестација и даде и „Пекара Диме“од Кичево која годинава одбележува 20 години од почетокот на работењето. Таа го обезбеди потребниот леб за дегустација на ајварот.