Државна помош за анулирање на штетите од болеста„Син јазик“

Дата на објава: 
13 Декември 2014
images.jpg

Владата ќе им помогне на сточарите за анулирање на штетите од големата епидемија што ја предизвика болеста син јазик од која официјално во земјава се угинати околу 18.000 овци, но бројката не е конечна.
Ова денеска го посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков при денешната работна посета во Штип заедно со претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев.

- Со одлука на Владата сточарите ќе бидат ослободени од пашарина за 2014 година, а субвенциите ќе им бидат исплатени за сите пријавени овци кои останале, но и за угинатите. Ќе дадеме и 4.000 денари по оставено женско јагне се со цел да го повратиме сточниот фонд кој што е угинат, изјави Цветков.
Повластиците, ќе важат и за говедата и козите. 
- Целта со сетот на мерки за анулирање на штетите од болеста син јазик е да се поврати сточниот фонд во земјава, а надлежните институции и понатаму ќе ја следат оваа болест, која во моментов поради ниските температури не се шири, нагласи Цветков.
Тој најави дека на пролет ќе се преземат нови мерки за сузбивање на синиот јазик.

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци истакна дека сетот стимулатиовни мерки финансиски ќе ги закрепне сточарите, но и ќе овозможи ублажување на загубите на сточниот фонд.