Министерот Цветков се сретна со градоначалникот Невзат Бејта

Дата на објава: 
14 Октомври 2014
13_11_2014_bejta_cvetkov_jashari-3.jpg

Делегација од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, предводена од министерот Михаил Цветков, државниот секретар Бесир Јашари, директорот на Управата за водостопанство Кадир Сали оствари работен состанок со градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта. На состанокот присуствуваше и министерот за правда Аднан Јашари.
Теми на разговот беа проблемите со кои се соочуваат земјоделците од гостиварскиот регион и спроведување на крупните проекти, особено за проектот за системот за наводнување Равен - Речица.
-Најголемиот проект кој ние како Министерство за земјоделство планираме да го реализираме е системот за наводнување Равен - Речица, каде што треба да се наводнуваат околу три илјади хектари и станува збор за многу голема површина, за многу голем проект кој ќе чини околу 18 милиони евра. Истиот проект влезен е во програмата на Владата за имплементација во периодот 2015-2018. Очекуваме во наредните четири години и овој проект да се реализира, но секако сте свесни какво значење има овој проект за земјоделците од регионов, ќе има доволно вода, изјави министерот за земјоделство, Михаил Цветков.
Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта го информираше министерот Цветков за проблемите со кои се соочуваат водните заедници од тој регион и дека општината ќе се изврши санација и чистење на каналите во двата дела, особено делот Здуње – Врапчиште.
-Со министерот Цветков се согласивме тој да ни помогне во интерес на земјоделскиот развој и во интерес на земјоделците од Гостивар, изјави градоначалникот Бејта.