Промоција на македонските винарии на саем во Хонг Конг

Date of publication: 
7 November 2014
20141107_121927.jpg

Македонските винарии се промовираат во Хонг Конг.

Девет македонски винарии (Тиквеш, Сковин, Стоби, Езимит, Далвина, Камник, Попов, Имако и Попова Кула) организирани преку Здружението Вина од Македонија учествуваат на интернационалниот саем за вино и жестоки пијалоци во Хонг Конг каде здружено се промовираат пред професионалната публика на Хонг Конг - увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.

Саемот се одржува од 6 до 8 Ноември 2014 и преставува најголемиот саем во овој дел на Кина,  на кој своите вина ги презентираат повеќе од 1000 изложувачи од 38 земји од светот и истиот привлекува повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино.

Учеството на саемот и Националниот павилјон се поддржани од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија преку програмата за поддршка на извозот на македонски производи, во чии рамки се обезбеди финансиска поддршка за простор и  штанд од 100м2 за македонски компании производители на вино.

Хонг Конг и Кина се едни од пазарите кои се најбрзорастечки пазари во потрошувачката на вино во последните неколку години, каде постои голем потенцијал за поголем пласман на македонското вино и градење на брендот на македонското вино во шише во овој дел од светот.

 

Промотивните активности на винарии во Кина, продолжуваат и следната недела со учеството на Саемот за вино во Шангај – ProWine China кој се одржува од 12  до 14 Ноември.