- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Цветков го отвори саемот „Агрофуд 2014“Date of publication: 5 November 2014Најновите достигнувања во областа на земјоделството од агромеханизација до вештачки ѓубрива и хортикултура од денеска се претставени на 64. Саем за широка потрошувачка „Агрофуд 2014“. На најстарата саемска манифестација која ќе трае до сабота покрај македонски компании учествуваат и фирми од Србија, Хрватска и Словенија, а за првпат годинава има претставници и од Холандија. Холандските компании на изложбен простор од 100 метри квадратни презентираат линии за сортирање на овошје и зеленчук, производство на иглолисни дрва, опрема и инсталации за преработка на жито, решенија за сточна храна, ѓубрива, заштита на посеви и начини за амбалажирање цвеќе во хортикултурата и земјоделството и.т.н. Според организаторите, саемот е можност за продолжување или почнување на соработка меѓу македонските и холандските компании и фирмите од регионот. Саемот го отвори министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков, кој истакна дека земјоделството е значајна стопанска гранка од економијата во Македонија и е трет по големина сектор по учеството од 13 проценти во БДП. - Земјоделството обезбедува приходи и вработување на приближно 17 проценти од работната сила во државата, но реалниот придонес го надминува овој процент. Околу 43 проценти од населението живее во руралните средини, а приближно 50 проценти од вкупната површина на територијата на Република Македонија е категоризирана како земјоделско земјиште, потенцира Цветков. Потсети дека во овој сектор се спроведуваат многу реформи во полза на земјоделците, притоа нагласувајќи дека еден од приоритетите е и презентацијата на македонските производи во земји кои се брзорастечки пазари.
Како дел од саемската манифестација традиционално и годинава се Федерацијата на фармери на Македонија и Здружението на земјоделци, а свој изложбен простор има и општина Гази Баба. |