- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Јавна расправа за Предлог - законот за АД ВодостопанствоDate of publication: 10 September 2014Со формирањето на Акционерското друштво за водоснабдување во државна сопственост, земјоделците очекуваат дека наводнувањето ќе биде поефикасно и ќе се подобрат услугите што им се нудат, со што и приносите ќе бидат поголеми. По денешната јавна расправа организирана од ресорното Министерство за Предлог-законот со кој се предвидува формирање на новото Акционерско Друштво, претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев изјави дека досега имале голем број проблеми, но оти со формирањето на новото водостопанско претпријатие тие ќе бидат надминати. - Во следните 10 години Владата планира да инвестира околу 200 милиони евра за наводнување и затоа е потребно со овие средства да се управува од едно место бидејќи во спротивно многу тешко тие ќе бидат ефективно употребени. Мора да се знае каде одат тие средства и на кој начин тие се трошат. Мора од едно место да се управува наводнувањето, бидејќи се поголеми проблеми имаме со климатските промени, истакна Шаклев. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, со новото АД ќе се создадат подобри услови за најавените обемни инвестиции во водостопанството и ефикасно ќе се задоволуваат потребите на земјоделците. - Водостопанството е едно од главните гранки во земјоделството. Без вода нема земјоделство, односно колку има повеќе вода, толку се поголеми приносите. По собраниската процедура очекуваме до крајот на годината Законот за формирање на новото АД да стапи во сила со што ќе се овозможи формирање на новото АД„Водостопанство на Република Македонија“, нагласи Цветков. Со новоформираното друштво ќе се централизира управувањето во овој сектор. Постоечките 12 водостопански претпријатија ќе станат негови подружници, а онаму каде што нема формирано вакви претпријатија или, пак, постоечките слабо работеле ќе бидат формирани нови. Сегашниот систем на водоснабдување опфаќа 12 водостопанства кои покриваат 93.000 хектари површини за наводнување и 90.000 хектари за одводнување. |