- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Прва средба на министерот Цветков со поголемите винарските визбиDate of publication: 8 August 2014На првата средба со министерот Михаил Цветков, поголем дел од винарските визби информираа дека се подготвени за откуп на винското грозје, но дека се уште е рано да се зборува за откупните цени поради нестабилните временски услови кои до бербата можат да ја променат состојбата со количините и со квалитетот на грозјето. Според нив, оваа ќе биде тешка година и за лозарите и за винариите поради намалениот квалитет на грозјето, на количествата, но и на конкуренцијата која доаѓа од ефтиното шпанско вино.Министерот Цветков посочи дека треба заеднички да се најдат оптималните решенија кои ќе одговараат и на производителите и на преработувачите. Според Законот за вино 5 винарски визби од кои 2 поголеми „ Повардарие “ и „Аневски“ поради долг кон лозарите нема да вршат откуп, но со продажбата на залихите и исплата на родот планираат идната година да се вкучат во откупот. За да не се најдат во вакви состојби, винариите предложија недостигот на финансиски средствa да се обезбеди со краткорочни кредити со пониска каматна стапка наменети исклучиво за исплата на родот. Министерот Цветков посочи дека ќе се разгледаат сите можности кои стојат на располагање за да им се помогне на винарските визби,а со тоа и на лозарите на кои треба навреме и реално да им се плати вложениот труд. |