- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштениеДата на објава: 23 Јули 2014.Соопштение за јавност
Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, ги известува сите заинтересирани лица кои користат земјоделско земјиште во државна сопственост кое им е доделено во постапка за АРОНДАЦИЈА а ги немаат регулирано имотно правните односи, дека до 27 ноември 2014 година можат да поднесат Барање до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство за склучување на договор за размена согласно член 16 од Закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште („Службен весник на Република Македонија” бр. 164/13), со кој е пропишана постапка за регулирање на сопственичко правните односи за склучување на договор за размена. Во прилог на барањето потребно е да се достави следната документација: - ИЗЈАВА од барателот заверена на нотар под материјална и кривична одговорност со која потврдува дека 20 години непречено и непрекинато го владее земјоделското земјиште во државна сопственост кое му е доделено во постапка за арондација, - ИМОТЕН ЛИСТ Доказ за сопственост/, на земјоделското земјиште кое владение го отстапил во постапка за арондација, - ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ со мери и граници на земјоделското земјиште во приватна и државна сопственост кое е предмет на размена |