- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Средба на министерот Цветков со вршителот на должност амбасадор на Кралството Холандија ВерхеенDate of publication: 16 July 2014Продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Кралството Холандија и во делот на земјоделството, но и нејзино зајакнување - договорија денеска на првата официјална средба министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и вршителот на должност амбасадор Питер Верхеен. Министерот Цветков и ВД амбасадорот Верхеен контатираа дека соработката на Репблика Македонија и на Кралството Холандија е на високо ниво, но, на полето на земјоделското производство таа може да се продлабочува и дополнително да с интезивира. На средбата, ВД амбасадорот Верхеен го извести министерт Цветков дека постојат холандски компаниии кои се заинтересирани за инвестирање во македонскиот земјоделски сектор, со оглед на тоа што кралството Холандија претставува втор најголем извозник на земјоделски производи во светот и тоа што во македонското земјоделство гледаат големи можности за инвестирање, побара од министерот Цветков поблиску да ги запознае со состојбите во македонското земјоделство и можностите за инвестирање. Во изминативе неколку години, земјоделството во Република Македонија доживува вистинска експанзија. Евидентираме зголемување на квантитетот и квалитетот на целокупното земјоделско производство. Позитивни се резултатите во лозаро-винарскиот сектор, во производството на овошје и зеленчук, како и во областа на тутунопроиозводството и другите индустриски култури. Поаѓајќи од ставот дека само добро организирани земјоделци се продуктивни земјоделци, сега нашите напори преку програмите за поддршка се насочени кон организирање на производителите – рече министерот Цветков. Особена грижа, додаде тој водиме и за преработувачкиот сектор и затоа на заинтересираните домашни и странски инвеститори им нудиме големи поволности за инвестирање во земјоделско- прехранбената индустрија преку давање под закуп на државно земјоделско земјиште и можност за инвестирање во слободните економски зони. Министерот Цветков исто така го информира амбасадорот дека заинтересираните фирми за вложување во откупно дистрибутивни центри имаат можност да добијат и државно земјоделско земјиште, а со цел обезбедување поволни услови за стопансисување подготвени се и голем број даночни олеснувања, како и можност за брзо регистрирање компанија. ВД амбасадорот Верхеем изрази уверување дека во иднина, Кралството Холандија преку своите експертски тимови ќе му помага на македонското земјоделство, со цел полесно и побрзо прилагодување на земјава кон новите современи текови во производството на храна. |