- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Состанок на министерот Цветков со производители на пченица и мелничариDate of publication: 29 June 2014Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков и заменик министерот, Зоран Коњановски, заедно со земјоделците и мелничарите во Свети Николе разговараа за подготовката и текот на жетвата, како и планираните количини за откуп кои беа главни теми на сосатнокот. Министерот Цветков оцени дека годинава лебното зрно ќе биде поквалитетно во споредба со лани, а земјоделците ќе имаат и побогат род. - Ние како Министерство во овој случај сме медијатори, бидејќи знаете дека ние сме потписници на меѓународни договори, кои што не ограничуваат и не сме во можност како држава да воведеме некои забрани за увоз на пченицата. Значи имаме отворен пазар. Но како Министерство ќе ги вклучиме сите расположиви ресурси на кадар на луѓе, на инспекции така да како што ќе се договориме така и да се откупи оваа жетва, рече министерот Цветков. Тој истакна дека цената на пченицата зависи од пазарот, но како министерство нема да дозволат земјоделците да бидат приселени или уцените од откупувачите, со што и пченицата би ја дале по многу пониска цена. Министерот најави дека и наредната недела ќе има интензивни состаноци со земјоделците и мелничарите за минималната цена на лебното зрно, но во наредниот период ќе се договараат и да се почитуваат правилата и законите од двете страни. - За идната година по завршување на сеидбата ќе ги отпочнеме разговорите за тоа како и во кој правец ќе се дефинираат правилата и доколку треба и ќе извршиме измени во Законот за земјоделство и рурален развој, се со цел да не се соочуваме со едни вакви проблеми како секоја година пред самата жетва и да се договараме и преговараме која цена ќе биде, туку како што е отприлика за тутунот, рече министерот Цветков. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев рече дека здруженијата и земјоделците бараат минималната откупна цена на пченицата да биде 12 денари, согласно трошоците за производство, но и продажната цена на пченицата од Србија. - Имаме свои информации дека дека српската пченица е 150 евра, плус транспортните трошоци 30 евра, плус данокот, исто излегува, односно од 11,5 до 12 денари. Меѓутоа српската пченица треба да се плати веднаш, додека нашата пченица се зависи од млиновите и од договорот на производителот и на млинарите крајниот рок може да биде и шест месеци. Слушнавме некои предлози, поединечни предлози и тоа не е официјален став на млинарите на една пониска цена. Но оваа е прв состанок, рече Шаклев. Претседателот на Мелничко пекарската индустрија, Николче Ѓеоргиев вели дека годинава ќе имаат квалитетно лебно зрно за преработка за разлика од минатата година, со што граѓаните не треба да стравуваат дали ќе има или не брашно на пазарот. Тој истакна дека мелничарите се уште немаат формирано цена за пченицата, но апелираше земјоделците да почнат да ги почитуваат договорите и законите, односно да го испитат квалитетот во лабараториите во земјава. - Обврска е на секој млин да излезе со извештај до министерството за земјоделство, колку ќе откупи, кои се потребите и залихите во моментов и земјоделство да ги сумираат тие резултати. Сакам да нагласам дека уште еден момент е битен земјоделците да го почитуваат примарниот закон, заедно со нас да направиме договори пред почетокот на жетвените активности и да не се чека последниот момент, вели Ѓеоргиев. Земјоделците, мелничарите и министерот се очекува да имаат средби и во текот на наредната седмица, со што ќе се договорат за откупната цена. Годинава на македонските ниви се засеани 100 илјади хектари, а се очекува родот да изнесува 300 илјади тони пченица. |