- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Димовски во посета на Долно ТрогерциDate of publication: 29 May 2014Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денеска го посети карбинското село Трогерци, до кое нема асфалтиран пат, а во неговиот атар има од 3.000 до 4.000 хектари плодна земјоделска површина и преставува најплодната житница во штипско-карбинскиот регион. Жителите на селото Трогерци, кои одамна се иселиле а сакаат да се вратат да ги обработуваат своите површини на лице место го образложија проблемот со патот до селото. Димовски истакна дека ќе излезе во пресрет на барањата на жителите на Тргоерци, а општините Штип и Карбинци треба да поднесат барање и проект до Министерството за да биде дел од Програмата за рурален развој за 2015 година. - Тоа не се големи финансиски средства, но се многу важни прво за земјоделците, второ за луѓето кои што сакаат да се вратат во селото заради тоа што токму тоа нуди можност за обработување на земјоделската површина и за производство на храна, која нам ни е потребна, рече министерот Димовски. Тој истакна дека жителите на Трогерци од Министерството побарале и обезбедување на вода за наводнување на земјоделските површини од Хидросистемот „Брегалница“. - Што значи во делот на програмата на Министерството за следните десет години од 2015 до 2025 година за што наскоро ќе има и јавна расправа да биде составен дел од сите оние инвестиции кои што имаме намера и кои што веќе ги започнавме околу рехабилитација, реконструкции и проширување на водостопанскиот ситем во Република Македонија, а дел од тоа проширување ќе бидат и токму овие 4.000 хектари, рече министерот Димовски. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев рече дека барањата на жителите и на оние кои што сакаат да се вратат во Трогерци се реални, бидејќи овде земјата е плодна, а покрај житните култури може да се произведува рано градинарски производи, овошни и лозови насади, а исто така има можности за развој на сточарството. Со реализирањето на двата проекти од страна на ресорното министерство ќе заживее и овој регион, бидејќи останати се само две куќи, а оние кои што имаат имоти овде можат да дојдат само во текот на летниот период. |