- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Димовски на конференција на асоцијациите на преработувачите на овошје и зеленчук од регионотDate of publication: 15 May 2014Претставници на преработувачките капацитети и на Здруженијата на преработувачи на овошје и зеленчук од Македонија, Србија, Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Босна и Херцеговина учествуваат во работата на Регионалната конференција на преработувачите на овошје и зеленчук што се одржува во Охрид. Идејата на дводневниот собир е преработувачите на овошје и зеленчук да се сретнат и да ги согледаат можностите за интензивирање на меѓусебната соработка, но и можностите за користење на европските фондови за научно-истражувачки проекти, проекти со регионален предзнак, во рамки на новата финансиска програма на ЕУ. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во обраќањето пред учесниците на конференцијата ги нагласи стратешките документи што Владата ги усвоила во областа на земјоделството, во насока на зголемување на конкурентноста на македонските производи и развојот на преработувачката индустрија. - Преработувачката индустрија е клучен сегмент во развојот на земјоделството, затоа и понатаму ќе продолжиме да го градиме дијалогот, политиките. Во оваа дејност навистина имаме одлични резултати. Вкупно 45 преработувачки капацитети, во 2013 година откупија 74,1 илјади тони суровина за преработка.Дополнително, во 2013 година беше реализиран извоз од оваа гранка со вкупна количина од 43,5 илјади тони, што претставува рекордна бројќа за извоз што досега е постигната во оваа гранка.Како држава постојано работиме заеднички со преработувачите, особено голем придонес има и финансиската поддршка со буџетски средства, преку воведувањето дополнителна финансиска поддршка за предадени градинарско и овошно производство во преработувачки капацитет. Заедно со преработувачите разговараме и за воведување нови мерки и политики кои ќе бидат во насока на дополнително остварување позитивни резултати, истакна министерот Димовски. Министерот укажа и на активностите што се преземаат за поедноставување на процедурите за повлекување кредитни средства за отворање нови производствени капацитети со повластена каматна стапка, но и за проширување на постоечките и нивна модернизација, уште повеќе што тие се еден од двигателите на развојот на земјоделството како стопанска гранка. Сашо Ристески, извршен директор на Македонската асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук, појасни дека на собирот во Охрид ќе бидат презентирани и современите трендови и движења во однос на продажбата на преработките на овошје и зеленчук и тоа на големите пазари, особено на оној на ЕУ, потоа чекорите и начините на кој заедничката соработка може да се преточи во посериозни проекти што ќе бидат финансиски поддржани од ЕУ. По однос на преработките на овошје и зеленчук од Македонија, од 2003 година наваму забележано е константно зголемување на извозот, што значи дека македонските производи уживаат добар имиџ кај купувачите од странство. - Најголем пазар ни е ЕУ, каде владеат релативно строги критериуми во однос на безбедноста на храната. Ако најголемиот пазар за нашите производи без проблем ги апсорбира производите, тоа е потврда дека тие се квалитетни, здрави и безбедни. Оттаму не стравуваме за квалитетот на нашите производи, туку бараме начин како сето тоа уште да се зголемува, истакна тој, нагласувајќи дека во таа насока се преземаат конкретни активности, како проширување на постоечките капацитети, вложување во човечки ресурси, нови знаења, технологии, иницирање локални и регионални проекти од истражувачки карактер и слично. - Со тоа се опфаќаат одредени конкурентни предности кои секоја држава апликант ги поседува, а оттаму, пак, преку соработка со европски партнери може да стекнеме одредени знаења, за зголемување на конкурентските способности на нашите производители, додаде Ристески. |