- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Димовски во посета на поплавените површини во општина Чешиново ОблешевоDate of publication: 1 May 2014Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, зедно со градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Костадин Личков извршија увид на поплавените површини од Злетовска Река. Поради обилните врнежи дожд и надојдените води од топењето на снегот од Осоговијата, во текот на вчерашниот ден Злетовска Река се излеа од коритото низводно во атарите на селата Жиѓанци, Новоселани и Лепопелци во општината Чешиново-Облешево. Причината за излевањето е неисчистеното речно корито кое е стеснето на две места. Министерот Димовски истакна дека штетата може да се санира со една машина гасеничар, за повеќе да нема проблеми. Машината веќе е на терен и се работи на расчистување на коритото, од што и самите земјоделци се задоволни. Министерството за земјоделство будно ја следи ситуацијата, но доколку продолжат врнежите реката може уште повеќе да се излие и да ги натлачи (покрие со мил) оризовите површини. Во моментот нема големи штети. На местото каде што е реката излеана површините не се засеани (тоа се државни површини под концесија). Станува збор за штети на површина од околу 2 ха, а на поплавеното поле од околу 30 ха кое што е посеано со ориз нема штета затоа што не е натлачено. Министерот Димовски исто така додаде дека во најбрз можен рок мора да се исчисти коритото на Злетовска Река од дрвна маса од село Лепопелци до влевање во Брегалница во должина од 6 км за што е ќе се побара согласност од Министерството за животна средина. Исто така додаде министерот Димовски мора да се исчисти стеснетото речно корито на Злетовска Река, кое доколку не се исчисти коритото загрозени се населените места Новоселани, Зиганци и Уларци и земјоделска површина од 100 ха. Временската прогноза од УХМР за петок предвидува послаби врнези, а за сабота и недела обилен и пороен дозд. Ова е лосо. Затоа од ХС Злетовица е побарано воопшто да не се испушта вода од акумулацијата иако во моментот акумулацијата прелива. |