- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Реакција на министерството за земјоделство на соопштението на СДСМДата на објава: 16 Март 2014Безидејноста на СДСМ се потврдува и со вечерашното соопштението во кое се бара одговор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за изнаоѓање на решение во склучувањето на договорите помеѓу тутунопроизводителите и откупувачките претпријатија. Дисквалификациите кои се користат во соопштението кон институциите на државата веројатно во СДСМ се сметаат за сосема прикладни. Ја информираме јавноста дека во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство предмет на анализа се 34.609 договори кои тутунопроизводителите Е потребно да ги склучат со откупувачките претпријатија. Јавноста треба да го знае следното, додека господата од СДСМ оддржуваа прес конференција пред зградата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ценејќи дека тоа за нив е соодветно место за организирање на таков настан, токму во тој момент, во просториите на министерството, на координативен состанок се разработуваше планот за сеопфатност на сите производители во договарањето за продажба на тутунот за следната реколта помеѓу тутунопроизводителите и откупувачките претпијатија. Дали овој одговор е доволен за господата, таканаречени стручни и загрижени во СДСМ, за фактот дека Министерството води сметка за интересите на тутунопроизводителите, внимава на состојбите и дека во секој момент ги заштитува интересите на земјоделските производители? Изјавите за апели на СДСМ во текот на откупот на тутунот се крајно лицемерни и неискрени и имаат и друга страна која што СДСМ ја премолчува, а тоа е дека токму активистите на СДСМ ја создаваа забуната меѓу тутунопроизводителите во обид да создадат неизвесност кај земјоделците за наводно препуштање на уцени, и покрај забрзување на динамиката на откуп на тутунот, реализирана од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државниот инспекторат за земјоделство, во соработка со двете договорни страни. Истовремено, во услови на прецизна база на податоци за секој склучен договор со количина и предаден тутун, за Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се неиздржани проценките од терен за неоткупената количина ориентален тутун. Особено зачудува и во ова соопштение нагласувањето на одлуката на Бугарската Влада за воведување на субвенционирање на тутунопроизводството од 1,5 евра за килограм, кога тоа одлука е донесена само еднаш и тоа пред неколку години!? Ниту пак за нејзино обновување Бугарската Влада воопшто размислува. Тогаш, за какво и чие знаење станува збор? Конечно, и во оваа прилика на господата, таканаречени стручни и загрижени, во СДСМ ќе им повториме дека институциите на државата во целост постапуваат по закон, со превземање на сите мерки за заштита на интересите на индивидуалните земјоделски производители, односно тутунопроизводителите, во делот на откупот и исплата на целиот предаден ориентален ситно листен тутун. |