- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски во посета на откупно-дистрибутивен центар во ГевгелијаДата на објава: 12 Март 2014Во откупно-преработувачката дејност имаме одлични резултати. Фактот дека компаниите од Македонската асоцијација на производители пласираат дури 53 отсто од вкупниот извоз во земјите членки на ЕУ е доказ за имплементацијата на ЕУ стандардите во производството, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по денешната посета на откупно-дистрибутивниот центар „Алтра“ во Гевгелија. За таа цел, потенцира министерот Димовски, е воведена и дополнителната финансиска поддршка за предадено градинарско и овошно производство во преработувачките капацитети со кои се разговара за нови мерки и политики во насока на дополнителни позитивни резултати. - Целта е да ги задржиме постоечките пазари и да освоиме нови. За тоа треба многу труд во јакнењето на дијалогот меѓу преработувачите и производителите, дополнителен анагажман во маркетингот и генерално осовременување на производството, нагласи министерот Димовски, додавајќи дека во оваа насока се и измените на ИПАРД програмата. Резултатите за произведството во 2013-та сè уште се сумираат, рече министерот Димовски, но сигурно ќе бидат на ниво или над рекордот од 2012-та година кога беа произведени 54,1 илјада тони зеленчук и овошје. Сопственикот на „Алтра“ Трајко Алчинов информира дека во тек се подготовките за претстојната откупно-производна сезона во која, исто како лани, 95 отсто од производството ќе биде наменето за извоз. - Суровините за производство ги обезбедуваме со откуп на вишок производи, но проблем е несоодветната координација со производителите, рече Алчинов и од министерот Димовски побара да се заложи соработката со примарниот сектор да биде многу поблиска. |