Министерот Димовски за Емагазин

Date of publication: 
1 March 2014
11.jpg

1.Субвенциите кои што се исплаќаат за земјоделството растат од година во година. Кои се досегашните ефекти од оваа владина политика. Колку се зголеми количината и квалитетот на земјоделските производи?

Генералните движења во земјоделскиот сектор во последните шест години беа во насока на прекинување или ублажување на негативните тенденции на намалување на физичкиот обем на производство кои беа резултат на непостоењето на одржлива земјоделска политика до пред 2007 година, и постепено придвижување кон позитивни трендови на пораст кои се поизразени кај подсекторите со компаративни предности.
Во последните години со зголемување на поддршката и инвестирањето од страна на државата, во македонскиот земјоделски сектор се запрени трендот на пад на производството кај најголем дел од земјоделските подсектори, а добар дел од нив постепено ја зголемуваат својата конкурентност и привлечност за влегување на нови субјекти, но и напуштање на секторот на субјекти кои во него се наоѓаа од шпекулативни намери.
Ефектите на субвенционирањето се најевидентни кај извозно-ориентирани конкурентни производи со компаративна предност за кои постои побарувачка на надворешните пазари, а кои и сега го формираат јадрото на македонскиот земјоделско-прехрамбен извоз. Ефектите врз извозно ориентираниот сегмент од производството е очегледни преку постојаното зголемување извозот . Така во 2010 год. извозот на земјоделски производи за прв пат помина преку 400 милиони евра (424 милиони €), а во 2013 година го достигна историски највисоко ниво досега од 504.040.384евра. Ароматичниот тутун моментално има најголем нето-извозен потенцијал од земјоделските култури со учество од околу 23% од вредноста на вкупниот извоз или 115.656.225 евра годишно. Неговото производство на околу 30,000 тони годишно е скоро двојно зголемено од најниското годишно производство од 16,000 тони пред 2007 година. Во делот на лозарството и винарство преку поддршката обезбедена од Владата имаме постојан тренд на подигање на нови лозови насади или обнова на старите. Како резултат има се поголем извоз на квалитетно македонско вино на поголем број нови пазари надвор од веќе традиционалните ЕУ и државите од поранешна Југославија. Настапот на нетрадиционалните пазари и извозот на флаширано вино е еднен од нашите приоритети кој сега вродува со плод. Количините  на извезеното вино во 2013 година изнесувале 885.313 хектолитри. Забележлив е тренд на зголемен извоз на флаширано вино од околу 11% во 2013 во споредба со 2012 год, што е особено забележителен во земите на ЕУ каде извозот е зголемен за 23.987 хл. или за околу 45%.
Пониските трошоци за производство кои произлегуваат од расположливоста на пасишта, ефтината работна сила и традицијата на производство, го вбројуваат македонско јагнешко месо, овчо и козјо млеко и млечни производи како подсектори со голем и засега делумно искористен развоен потенцијал. Со обезбедената поддршка на овој значаен сектор запрен е падот на бројот на грлата и обезбедено постепено зголемување на бројот на овците (од некаде половина милион на околу 732.000) и следствено на извозот на јагнешко месо.
Сличен тренд на стабилизирана состојба на околу 250.000 илјади говеда и зголемен број на над 260.000 се забележува и кај говедата (пред се поради порастот на молзните крави). Производството на кравјо млеко со годишното производство од просечно 354 милиони литри во периодот 2009-2012 година е далеку над просекот од околу 200 милиони литри во периодот 2002-2006 година.
Над 70% од вкупното производство на македонскиот свеж зеленчук, особено раноградинарски производи поради ценовната предност, но и преработките од зеленчук завршуваат на надворешните пазари. Од ова се остварува нето девизен прилив од околу 30 милиони евра од свеж зеленчук и уште околу 50 милиони евра од преработен зеленчук. Имено обемот на градинарското производството вo 2012 година се движи во износ од 849.347 тони, тони , за разлика од просечното производство од околу 700.000 тони пред периодот на воведување на поддршката.
Како резултат на поволните климатско-географски услови во преовладувачките ридско-планински делови на земјата, и поддршката за подигање на нови насади секоја година, овошјето има значителни компаративни предности и постојан тренд на пораст во последниве години поради. Така од просечни 150 илјади тони во периодот пред 2007 година, производството изнесува 203.754 тони или има зголемување на производството на овошје од околу 36% .
Соодветна финансиска поддршка е обезбедена и за останатите производи, но овде зголемениот раст не е прашање на понатамошно зголемување на субвенциите, туку истиот зависи од различни структурни проблеми. Така житата и другите поледелски култури имаат мали приноси пред се поради помалку поволните услови за нивно производство во државата, како и малите парцели кои не дозволуваат примена на современи агротехнички мерки. Од друга страна без сопствено производство и ефтина добиточна храна тешко дека ќе може да се обезбеди раст на поголем дел од сточарското производство. Секако преку таргетираните мерки на финансиска поддршка, но и со другите политики како консолидација на земјиштето на пример, правиме напори за надминување или ублажување на овие пречки за зголемувањето на конкурентноста на овие производи.   
И на крајот како дополнителна поддршка на приходот на земјоделците, погрешно е ако на субвенциите се гледа како на единствениот и главен мотивот на земјоделците за земјоделско производство, или за причина за зголемување на ефикасноста на производството. Сепак основниот дел од приходот на земјоделските производители доаѓа и треба да доаѓа од продажбата на нивните производи на пазарот, односно од тоа колку силно е изградена нивната позицијата на пазарот во однос на конкурентите, откупувачите и преработувачите пред се во однос на нивната организираност и ценовната конкурентност. Нашите напори затоа од 2013 година се насочени кон поддршка во овој дел кој се постигнува пред се преку кофинансирање на инвестициите преку мерките за рурален развој каде драстично ги зголемивме издвојувањата.    

2.Колку субвенции ќе бида исплатени годинава и каде најмногу ќе биде насочена финансиската поддршка?

И во следната година мерките на финансиска поддршка на земјоделците се структуирани да овозможат постигнување на клучната цел на економските политики на Владата, а тоа е подигање на конкурентноста на македонското земјоделско производство, односно зголемување на неговото пазарно учество на домашниот и особено надворешните пазари. Потврда за позитивните резултати во таа насока е континуирано зголемениот извоз во последниве години. За реализација на овие цели во следната година продолжува значителната поддршка на секторот и субвенционирање на аграрот, со поголем износ од нови 140 милиони евра наменети за земјоделците, преработувачите и општо жителите на руралните средини.
Најголем дел од средствата, или планирани 115 милиони евра, ќе бидат распределени како директни плаќања за поддршка на приходот на македонските земјоделски стопанства, и тоа 60 проценти насочени кон конкурентните и извозно ориентирани земјоделски производи како што се: производството на тутун, зеленчук, овошје, овчарството и козарството, производството на грозје и вино, оризот, органско производство, пчеларство и за воведување на стандарди за квалитет. Остатокот од директните плаќања ќе биде наменет за поддршка на производството на помалку конкрентните, но значајни основните прехрамбени производи за населението во Република Македонија како што се житните култури, кравјото млеко, и поголемиот број на индустриски производи, кои без државна поддршка значително би го намалиле обемот на нивното производство. Ова се всушност веќе добро познатите мерки на поддршка кои се воспоставени во изминатиот период како силна и стабилна поддршка на оваа влада и држава за земјоделците.
Останатиот дел од стредствата наменети за поддршка на земјоделците ќе се реализира преку програмата за рурален развој за кофинансирање на различните инвестиции потребни за модернизација и одржлив развој во земјоделството. Согласно определбите во Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период 2013-2017 година, оваа година продолжува значителното зголемување на издвојувањата за мерките од оваа програма. Така дури за нови 10 милиони евра е зголемен износот за поддршка на мерките за рурален развој во однос на измината година, и сега истиот изнесува 33.253.980 евра. Покрај за веќе добро познатите, и од земјоделците и преработувачи широко користени мерки за набавка и обновување на земјоделска механизација и опрема, овие средства приоритетно ќе бидат насочени кон поддршка на инвестициите во руралната инфраструктура, во прв план подобрување и проширување на наводнувањето.
Поддршка на инвестициите во земјоделството ќе биде обезбедена и преку ИПАРД програмата, во која оваа година значително се подобрените услови за аплицирање што веќе овозможува многу поголема абсорбција на средствата во однос на изминатиот период.       
Треба да напоменам дека паралелно со политиките на директна финансиска поддршка, продолжуваат и политиките за земјоделците кои се од исклучителна важност за создавање на услови за позабрзан развој преку инвестиции, како што се: достапност до поволните ЗКДФ кредити со поволни 4, односно 5% каматна стапка за примарното производство и преработувачката индустрија, распределбата на нови површини државно земјиште сега со можност и за купување на истите, осигурување на земјоделците по најповолните основици, и поволностите од даночната свера, односно ослободување од данок до 300.000 денари приход, и минимално паушално оданочување од 2% на земјоделското производство над оваа сума.    

3.Многу често слушаме обвинувања дека има злоупотреба на субвенциите за политички цели, односно дека парите не се распределуваат праведно. Колкава е контролата на Министерството и колку е зголемена во последните години?

Обвинувањата од ваков тип веројатно доаѓаат од центри кои имаат искуство во работење токму на таков начин. Меѓутоа сега работите не се такви како во тоа време, напротив драстично се изменети. После 2007 година се изгради целосно нов систем на дефинирање на мерките на финансиска поддршка и особено за нивно спроведување токму за да се спречат било какви злоупотреби или ненаменско трошење на парите наменети за земјоделците и македонското село. Тоа секако стана и потреба имајќи ги во предвид големото зголемување на средставата кои за оваа намена почна да ги издвојува македонската влада за разлика од претходно. Така самото донесување на програмите за поддршка стана предмет на регулирање во национална стратегија за период од 7 години, петтогодишна национална програма во која се дадени и износите на мерките на поддршка, и на крајот редовни годишни програми и уредби. Во 2007 година со новиот Закон за земјоделството и рурален развој во детали се уреди начинот на кој се вршат сите постапки на администрација и контрола и кои се системи се потребни за нивно функционирање. Што се однесува до самото спроведување на подршката за земјоделците, беше формиран целосно нов субјект - Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со што се издвои спроведувањето на политиките од креирањето на истите како надлежност на министерството. Големите информациски системи за идентификација на земјишните парцели и регистрација на стопанствата и животните кои макотрпно се воспоставуваа во изминатиот период во голема мерка ја намалија можноста од злоупотреби од страна на самите апликанти, но и ја исклучија можноста за злоупотреба или грешки од страна на тие кои ги спроведуваат мерките. Сега целосната имплементација на постапките од аплицирањето, до административните контроли, контролите на лице место, одобрување на исплати итн е јасно и прецизно регулирано, и во најголема мерка во целост автоматизирано со употреба на ИТ системи воспоставени по примерот на европските, и кои исклучуваат било какво надворешно влијание. Доколку земјоделецот аплицирал во рокот, ги исполнил условите и критериумите од програмите тогаш загарантирано ќе ги добие заслужените пари. Оттука се поставува прашањето за каква злоупотреба станува збор?      

4.Изготвена е петгодишна програма за поддршка на земјоделството и руралниот развој проектирана на 700 милиони евра.  Во 2017 година, со потрошени толку пари, како го гледате македонскиот аграр? Со повисоки стандарди, поконкурентен на странските пазари?

Спроведувањето на Петтогодишната програмата за земјоделство и руралeн развој за период од 2013 до 2017 година на земјоделците им нуди стабилност и сигурност во  планирање на своето производство и особено на планирањето на идните инвестиции за развој на нивните стопанства и земјоделскиот сектор во целина. Во државата од страна на Владата се веќе поставени сите политики и инструменти на поддршка кои ги има секоја организирана држава на која земјоделството и е важен дел од економијата и општеството, а за кои претходно зборував. Истовремено ублажени се негативните состаојби од светската еконосмка криза и нивното негативно влијание на макеедонскиот аграр.
Поради сите овие факти сакам да сум реален оптимист дека до 2017 година македонското земјоделство ќе продолжи да оди по патот по кој се наоѓа на постепено реорганизирање и модернизација и зголемување на неговата конкрентност. Тоа поконкретно значи дека очекувам понатамошно зголемување на физичкиот обем и вредност на земјоделското производство и зголемен извоз. Една од нашите цели е тоа да има соодветен ефект на приходите на земјоделците што мислам дека постепено и паралелно се остварува, како и обезбедени општи подобри услови за живот на луѓето во руралните средини.             

5.Минатата година извозот на прехранбени производи порасна за над 7%. Иако увозот на храна е двојно поголем од извозот, сепак во одредени гранки пред се кај овошјето и зеленчукот и кај житните култури лани имаше процентуално двоцифрен раст на извозот. Колку македонските земјоделски производи стануваат се попретпознатливи на странските пазари?

Во периодот јануари-октомври 2013 е остварен извоз од 416 милиони евра, што преставува зголемување за 5,5%, во однос на периодот јануари- октомври 2012 кога е забележан извоз со вкупен износ од 394 милиони евра.
Извозот на конкурентните македонски производи пред се тутунот, виното, овошјето, зеленчукот и јагнешкото во последниве неколку години бележи тренд на постојан годишен пораст. За оваа година очекуваме за прв пат истиот да изнесува околу пола милијада евра.
Радува фактот што ова се случува во многу сложени услови на меѓународните пазари предизвикано од влијанието на светската економска криза и рецесијата. Тоа значи дека конкурентноста на македонските земјоделски извозни производи на надворешните пазари и во вакви услови на намалена побарувачка е задржана и подобрена. Секако тука сериозна услога имаат субвенциите како дополнување на приходот на деловните субјекти кои и годинава која изминува и следната се во зголемен износ, но и другите мерки на поддршка на бизнист превземени од владата и министертвото. Овде пред се би ги навел мерките кои се во насока на поддршка при изнаоѓање на пазари и остварување на контакти со надворешните купувачи, покривање на трошоците за амбалажа на винарската и преработувачка индустрија, и на трошоците за национална презентација на најзначајните саеми на најперспективните пазари во светот изминатите и оваа година.
Кофинансирањето на инвестициите во примарното земјоделско производство и преработувачката индустрија преку националната програма за рурален развој и особено преку ИПАРД програмата се најдиректниот инструмент кој има најголемо влијание на подобрување на конкурентноста на секторот. Оваа година направиваме сериозни промени во условите за аплицирање за ИПАРД средставата во насока на обезбедување на поголем пристап на корисниците што имаше реален ефект во зголемениот број на добиени апликации.
Во иста насока продолжуваме во следниот период, вклучително и во 2014 година, кога согласно Националната програма за земјоделството и рурланиот развој за периодот 2013-2017 година, планираме алоцирање на значително повеќе средства за кофинансирање на инвестициите во бизнисот, и во условите за одвивање на деловните активности (особено во делот на наводнувањето, пристапни патчиња), како и во самите услови за живеење во руралните средини.

6.Секоја година се зголемуваат субвенциите за тутунарите и за разлика од минатото кога секоја година тутуопроизводителите се жалеа на ниската откупна цена на тутунот, во последните неколку години оваа гранка се стабилизира. Колку политиките на Владата влијаеа на тутунопроизводството и извозот на тутун?

Владата и министерството за земјоделство остануваат на ставот дека ќе се задржи производството на ориентален тутун и нема да има намалување на површините на кои се произведува тутун. На производството на тутунот, како идустриско-земјоделска култура, Владата посветува особено внимание од повеќе аспекти, социјален, економски и финансиски. Истовремено, што е особено битно, во производството на ориенталниот ситнолистен тутун се вклучени околу 40.000 семејства, или 180.000 производители што е 18,6% од вкупната работна сила во РМ, за кои тутуно производството претставува единствена егзистенција. На овие факти треба да го додадеме и фактот дека 3,9% од вкупното индустриско производство припаѓа на тутунската индустрија а во тутунското стопанство  во постојан работен однос се околу 3000 луѓе и 2000 луѓе сезонски вработени. Со оглед на тоа што тутунот припаѓа во групата на извозно-ориентирани традиционални производи со компаративна предност на надворешните пазари за кои постои побарувачка и истовремено ангажира околу 22% од вкупниот број на земјоделски домаќинства од посиромашните рурални подрачја, поддршката за зголемување на приходот на овие производители има обемен економски бенефит. Не постојат никакви штетни влијанија врз јавното здравје на луѓето кои одгледуваат тутун. Производството на тутун  нема никакви штетни влијанија врз почвата, водата, воздухот, како и врз растителниот и животинскиот свет. Од сите земјоделски култури исклучиво тутунот е однапред договорно откупен  со познати цени, како и исплатен во рок од 30 дена.
Текот на откупот на тутунот го следиме со посебно внимание на дневна основа. Податоците за динамиката на откупот од страна на Државниот инспекторат за земјоделство ги добиваме од откупувачите компании и од секој откупен пункт, односно секоја поставена вага, два пати во текот на денот. Моментална откупена количина изнесува 27.484.316,74 килограми што претставува 91,3% од проценетата произведена количина ориентален тутун од 30.120.000 килограми, односно 83,5% од вкупната количина од 32.894.205,00 килограми за која се клучени договори. Во изминатиот период со откупувачките компании имаме редовни координативни состаноци на неделно ниво. На наше инсистирање постигнат е договор за зголемување на динамиката на откуп на тутунот и во време на викендите за цел месец февруари, со обврзувачка минимална количина по вага. Законскиот рок на откуп на тутунот е 15 март. Со постојаната динамика сметаме дека и пред овој рок ќе се изврши откупот на ориенталниот тутун. Моменталната просечна откупна цена за досега откупената количина изнесува 154 денари за килограм ситнолистен ориентален тутун. Со оглед дека во предавањето следат погорните и берби со повисок квалитет очекуваме покачување на просечната откупна цена.    
И морам да напоменам дека и понатаму останува поддршката за тутунарите со 60 денари по килограм предаден тутун.

7.Македонското вино станува се попретпознатливо на светските пазари. Според податоците вкупниот извоз на вино лани достигна над 50 милиони евра, а расте извозот на флаширано вино. Ланскиот откуп се карактеризира со тоа што најголем дел од грозјето го откупија домашните винарници. Кои се вашите очекувања за винската индустрија?

Македонија руши рекорди со извозот на вино на странските пазари. Според нашите податоци кои покажуваат дека во 2013 има извоз на вино најголем до сега – 885. 331 хектолитри во вредност од 50 милиони евра. Ако се спореди просек за периодот од 2007 до 2012, лани извозот е за 48 % поголем според количина и 24 % според вредност.
Според експертите во винскиот сектор Македонија станува препознатлив бренд за вино со добар квалитет на странските пазари и за разлика од минатото кога најголем дел од извозоот беше наливното вино со многу пониска вредност, сега се пласира вино во шишиња со квалитет далеку подобар и од минатото. Анализите на ресорното министерство покажуваат дека извозот на вино во ЕУ е зголемен за 45 %, а просечната цена е зголемена за 10 евра по хектолитар во споредба со лани.
“Радува фактот дека е остварена примарната цел на сите програми и мерки на Владата и на Министерството за земјоделство за зголемена промоција и препознатливост на македонско вино. Како резултат на истите, во последниве неколку години најзначајно зголемување се забележува кај извозот на вино во шишиња, при што количината на извезено вино во шише од 2005 година од над 5,5 милиони литри е тројно зголемена и достигнува количини околу 17 милиони литри. Зголемувањето на извозот на вино во шише особено е забележително во земјите кои беа таргетирани во рамките на заедничкиот настап на македонските винарии на саемски манифестации финансиран и поддржан од страна на Мини9стерството за земјоделство и Владата – Германија, Русија и Кина.
Извозот на вино во шишиња во овие земји бележи значителен пораст, и тоа во Германија (за 3 пати повеќе по количина и 2,8 пати по вредност), Кина (4,4 пати по количина и 3,8 пати по вредност) и Русија 3,7 пати по количина и 2,7 пати по вредност), покажуваат првичните резултати.
Освен рекордната количина и вредност, виното од Македонија постигна највисока цена по единица производ во последните 10 години за вкупниот извоз на вино (наливно и во шишиња) од 56,32 евра по хектолитар. Гледано по поединиечни земји, во Германија за 5 пати е зголемена количината на извезено вино во шишиња, а за 4 пати неговата вредност. Во Словенија за 4 пати е зголемена количината на извезено вино во шишиња, а за 3 пати неговата вредност, Во Унгарија за 4 пати е зголемена и количината и вредноста на вкупно извезеното вино. Во Романија за 2,5 пати е зголемена и количината и вредноста на извезено вино во шишиња. Во Словачка за 3 пати е зголемена количината на вкупно извезено вино, а за 3,5 пати неговата вредност. Во Кина двојно е зголемена количината на вкупно извезеното вино, а за 3,6 пати неговата вредност, при што кај извезеното вино во шишиња е забележителен пораст од 10 пати по количина и 8 пати по вредност, Во Русија за 60% е зголемена количината на вкупно извезено вина, а двојно е зголемена неговата вредност Во Канада двојно е зголемен извозот на вино и по количина и по вредност, и во САД тројно е зголемен извозот на вино во шишиња и по количина и по вредност.

8.Распишавте оглас за концесија на лоивиштата и рибниот фонд во езерата. Што ќе значи ова?

Вкупно 39 ловишта во 11 региони ќе бидат дадени под концесија. Јавниот повик веќе е во тек, а годинава првпат при доделувањето на ловиштата ќе биде воведена електронска аукција со која ќе се избегне човечкиот фактор.
Од вкупниот број ловишта, 26 се за ситен дивеч и тие ќе бидат дадени под концесија на 10 години, а 13 ловишта се за крупен дивеч и за нив концесијата ќе биде 20 години. Покрај домашните здруженија на ловци, може да конкурираат и надворешни компании коишто се заинтересирани да го вложат својот капитал во развивањето на ловниот сектор во Република Македонија. Постапката за доделување концесија ќе се одвива во две фази и тоа во првата фаза јавно ќе бидат отворени пристигнатите понуди, додека во втората фаза првпат ќе се спроведе електронска аукција.
Со електронската аукција се воведува поголема транспарентност во постапката и се отстрануваат сите можности за определено субјективно однесување од страна на кој било субјект кој учествува во постапката, а се создаваат транспарентни,отворени услови за реализацијата на овој процес. Ловиците, ловечките друштва и стопанските субјекти кои имаат интенција да аплицираат на овој оглас треба да бидат потполно уверени дека единствено нешто што ќе се вреднува ќе бидат нивните понуди.
Во Македонија има 264 ловишта од кои досега 204 се дадени под концесија. За 39 постапката е во тек, а за останатите 24 концесијата истекува во 2015 година.
Исто така Владата под концесија ќе ги даде рибите од водите на Преспанското, Тиквешкото и дел од Охридското Езеро како и водите на шест акумулации и повеќе сливови на реки. Постапката е почната. Повикот е објавен и се однесува на три концесии за стопански риболов и 25 за рекреативен риболов. Концесиите се даваат на рок од шест години, а ќе бидат за првпат распределени по електронски пат.
Ова придонесува кон економски развој и отворање нови работни места.

9.Кои се генерално вашите предвидуања за аграрот за 2014 година?

За следната година очекувам продолжување на порастот на земјоделското производство и стабилен откуп на земјоделските производи каква што состојба впрочем имавме и оваа година. После нормализирање на најголем дел од светските пазари на земјоделските производи како резултат на надминување на последиците од светската економска криза, извозот на конкурентните македонски земјоделски производи и нивните преработки треба да оди во понатамошна нагорна линија и по цени во најголем дел кои веројатно ќе бидат повисоки од досегашните. Во прилог на ова треба да оди и влегувањето во плодна зрелост на новите површини лозови и овошни насади кои во изминатиот период беа поддржани со средстава од програмите за финансиска поддршка, како и  новододелените 61.688ха на државно земјоделско земјиште на земјоделците во периодот од 2007 до сега .    
Сепак растот на секторот е значајно лимитиран од структурните проблеми и ограничувања кои произлегуваат од малите и фрагментирани земјишни парцели, и како резултат на ова големиот број на мали земјоделски стопанства кои имаат ограничен производен капацитет. Познато е дека во државата скоро и да не постои сериозна хоризонтална интеграција на пазарна основа меѓу земјоделците, односно нивно здружување во задруги, и незадоволителна вертикална интеграција односно договорно производство со откупувачите. Затоа нашите напори во следниот период се насочени токму во таа насока, односно кон дополнителна поддршка на здружувањето на земјоделците во задруги и окрупнување односно консолидација на земјишните парцели што треба да почне да ја ублажува постоечката неповолна структура.     
Заради тоа ги донесувме Законот за консолидација на земјоделското земјиште и на Законот за земјоделски задруги. Согласно одредбите од новиот Закон за земјоделски задруги  со кои се обезбедува поголема поддршка за задругите, веќе се пререгистрирани, или се новорегистрирани вкупно 7 задруги, а интересот за нови е евидентен. Веруваме дека истиот ќе биде поголем во следниот период.
Од друга странавВрз основа на Законот за консолидација на земјоделското земјиште во 2014 година планираме започнување на два поголеми прокети во државата, едниот кој вклучува доброволна размена на парцелите, и вториот кој покрај конолидацијата ќе има и компонента на инвестиција во руралната инфраструктура. На дол рок верувам дека овие два реформски зафати ќе имаат позитивен ефект во зголемување на конкурентноста на нашето земјоделско производство.