- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Димовски и министерот Јаковина на закројување на лозјата во ТиквешкоDate of publication: 14 February 2014Со закројувањето на лозјата во Лепово, Тиквешко, министерот Димовски и хрватскиот министер Јаковина го означија почетокот на новата винска година. - Лозарството и винарството, стануваат едни од стратегиските сектори на македонското земјоделство. Од тие причини се посветува се поголемо внимание за нивен развој.Задоволен сум од трудот во изминатите четири до пет години за консолидирање на ситуацијата во лозарството. Минатата година од винарските визби се откупени 168.000 тони винско грозје и дополнителни 25.000 тони произлегоа од винариите. Како никогаш досега имаме над 190.000 тони грозје во домашните капацитети, а многу мал дел беше извезен што е добро, истакна министерот Димовски. Освен количините за извоз, се зголемува и цената на македонското вино. Драстично е зголемен, како што рече министерот, и пласманот на флаширано вино, преку 17 милиони литри годишно или дневно над 60.000 шишиња што е показател за квалитетот и атрактивноста на странските пазари. На закројувањето присуствуваше и хрватскиот министер за земјоделство Тихомир Јаковина, кој од вчера е во посета на Македонија. Јаковина и Димовски разговарале за интензивирање на соработката во повеќе сфери, особено во делот на лозарството, безбедноста на храната, фитосанитарната политика и ветеринарството. - Има многу простор за засилување на партнерството и реализирање заеднички проекти кон трети земји. Хрватска е подготвена да и помогне на Македонија на патот кон ЕУ и да ги сподели досегашните искуства за стратегиите за развој на винарството што може да се имплементираат и искористат тука, истакна министерот Јаковина. - Задоволство ми е што токму на нашиот заеднички, а пред се нивен празник Св. Трифун, лозарите ја имаат можноста да си ги подигнат средствата, односно субвенциите за одржување на лозовите насади, рече министерот Димовски. Исплатени се преку 380 милиони денари финансиска поддршка за одржување на лозовите насади. Ветените субвенции се веќе на трансакциските сметки и лозарите може да ги подигнат, истакна министерот Љупчо Димовски. Извршниот директор на винарската визба „Тиквеш“ Игор Илиевски потенцира дека создавањето врвно вино почнува на лозовите насади. Информирајќи за претстојните активности на компанијата, Илиевски рече дека е веќе лансирана специјална серија вина со уникатни етикети кои им овозможуваат на љубителите на вино сами да креираат лична посвета. Воедно винарницата ги отвори вратите на винскиот подрум во Кавадарци за сите што за симболична цена сакаат да уживаат во автентична комбинација на вино, храна и традиционална музика. |